Народни Херои од Македонија

  • Креатор на темата Anco
  • Време на започнување

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ​
Роден во Свети Николе, по смртта на неговата мајка на 4-годишна возраст е донесен во сиропиталиштето воБитола.​
Станува член и на Покраинскиот воен штаб и се вклучува и во подготовките на востанието против бугарската власт, но набрзо, на 6 ноември 1941година, е уапсен од бугарската полиција, заедно со 15 други дејци на Охридската партиска организација.
На судскиот процес воОхрид на 26 и 17 ноември, заедно со Петре Пирузе, е осуден на смрт. На 7 декември Колишевски, додека е во затвор, поднесува молба за помилување до бугарскиот цар борис, по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март1942 година е префрлен од скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останува се до капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на власт наОтечествениот фронт на9-ти септември 1944 година.
При основањето на комунистичката партија на Македонија на обично се смета дека Колишевски во отсуство бил избран за секретар на партијата, но за тоа не постојат документи и има мислења дека тоа е фабрикувано по ослободувањето.
По своето ослободување, Колишевски се враќа во Македонија и ја презема функцијата секретар на КПМ и на таа функција останува до јули1963 година.
Починал на 6 јули 2000 во Скопје.http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0
СОСТАВ НА ПРВАТА НАРОДНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
(16 април 1945 г.)
ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ, претседател
ЉУПЧО АРСОВ, потпретседател
АБДУРАИМ МЕХМЕД, потпретседател
КИРО ПЕТРУШЕВ, министер
НИКОЛА МИНЧЕВ, министер
Д-р ПАВЕЛ ШАТЕВ, министер
СТРАХИЛ ГИГОВ, мионистер
ТОДЕ НОШПАЛ, министер
БОГОЈА ФОТЕВ, министер
Д-р ВУКАШИН ПОПАДИЌ, министер
Д-р НЕЏАТ АГОЛИ, министер
Инж.ГЕОРГИ ВАСИЛЕВ, министер

ЉУПЧО АРСОВ

Одликувања

Роден на 19.мај 1910 во Штип.
После окупацијата на кралевината Југославија, се враќа во родниот Штип и веднаш се вклучува во работата на партиската организација и работи за приремањето за вооружена борба. Кон крајот на 1941 година е член на месниот комитет на КПЈ/КПМ за Битолаи работи на пропремање за формирање на партизански одреди.На почетокот на 1942 година бугарската полиција го фаќа но поради недостаток на докази набрзо е пуштен од затвор.

Претседател на претседателството на СРМакедонија.
Народен Херој од 29.ноември 1953
Умира на 18.ноември 1986 година

СТРАХИЛ ГИГОВ

Страхил Гигов (Велес, 16 септември 1909 - Скопје, 19 мај 1999) бил македонски комунист, учесник во НОБ и висок функционер од времето на комунизмот. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други високи југословенски одликувања, а на 27 ноември 1953 е прогласен за народен херој.
Гигов станува синдикален активист уште од 1928 година. Член на КПЈ од 1929, а на Месниот комитет во Велес од 1931 година. На 27 декември 1934 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на три години. Ја издржува целата казна во Сремска Митровица и е ослободен на 27 декември 1937 година. На 1 декември 1938 година повторно накратко е уапсен, но поради протестите организирани во Велес, при неговото спроведување во градот, веднаш е ослободен. Есента 1939 година станува член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а летото 1940 година уапсен е по трет пат. Префрлен е во затвор во Белград, но е ослободен од обвиненијата во септември. Во јануари 1941 година е испратен во концентрационен логор кај Меѓуречје, близу Ивањица, каде останува до распуштањето на логорот на 27 март 1941 година.
Кон крајот на 1941 година е секретар на Месниот комитет во Велес. На почетокот на 1942 година е секретар на велешкиот Окружен комитет, а во септември 1942 година повторно е избран за член на новиот Покраински комитет.
На сојузно ниво неколку пати е биран за член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и на Извршниот комитет на ЦК СКМ, осум години бил член на Сојузниот извршен совет, а потоа бил потпретседател на Сојузното собрание. Бил член и на Советот на федерацијата.

ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ

Видое Смилевски - Бато (14 август 1915 - 8 септември 1979) бил истакнат македонски комунист, народен херој и политичар.
Потекнува од печалбарско семејство.

Роден е на 14 август 1915 година во с. Никифорово, кај Маврово, Гостиварско. Потекнува од печалбарско семејство и уште од најраните години ја почувствувал горчината на печалбарството, таа толку честа судбина на Македонецот во неговата битка за опстанок и гола животна егзистенција.
Уште од самиот почеток е едн од втемелувачите на народната власт и континуирано работи врз нејзиното оспособување и јакнење. Во 1947 - 1950 година Видое Смилевски - Бато е потпретседател на Владата на НР Македонија, во 1950 - 1951 година е претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ, во 1952 - 1954 година е потпретседател на Владата на НРМ, а во наредните две години одново се враќа во Народното собрание и од 25 јуни 1963 до 12 мај 1967 година е претседател на Собранието на Република Македонија.
Освен партиската активност се истакнал и во извршувањето на повеќе државни функции: во 1947-1950 година е потпретседател на Владата на НР Македонија, во 1950-1951 година е претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ. Во 1952-1954 година повторно е потпретседател на Владата на НРМ, а во наредните две години одново се враќа во Народното собрание и од 25 јуни 1963 до 12 мај 1967 година е претседател на Собранието.

Одликуван е со Орденот народен херој, јунак на социјалистичкиот труд, а е носител и на Партизанска споменица 1941.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
БАЈРАМ ШАБАНИ

Роден е на 14-ти Октомври 1922. во селото Липково , во близина на Куманово , во многу сиромашно семејство.


По бугарската окупација на поголем дел од Македонија , Бајрам стана уште по активни во комунистичкoто движење.
Кога припремите за вооружено востание беа завршени, Бајрам се приклучува на партизаните . На 11-ти Октомври пристапи во одредот заедно со неговите другари. По нив тргнуваат огромни воени и полициски сили. Бидејќи Бајрам познавал некои патеки кои веделе до Скопска Црна Гора , беше на чело во групата која се упатила во тој правец. Поради јак дожд групата нашла прибежиште во воденица и ја поминле ноќта таму. Утрото воденицата ја опколиле бугарските војници, по што започнала жестока борба. Во моментот кога ја фрла последните граната, митралески куршуми ги погодуваат неговите гради и тој паѓа мртов.

Со указ на претседателот на Федеративна Народна Република Југославија Јосип Броз Тито , на 10-ти Октомври 1953 . години, беше прогласен за народен херој.
БЛАГОЈА ЈАНКОВ

Благоја Гане Јанков-Мучето е роден во 1911 година во Струмица, во сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование и втори клас средно образование, тој заминал за Белград, каде го изучувал кројачкиот занает. Таму политички се освестил и стапил во револуционерното движење. Од тогаш неговата линост политички да се надоградува.
Исто така станал и организатор на првите спротиставувања на бугарската окупациска власт во Струмица во 1941 година.
Активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за Радовиш, Берово и Валандово. Бугарската фашистичка полиција ја открила неговата работа.Во една провала, полицијата извршила напад. Тогаш со Благоја бил и Славчо Стојменски,кој во престрелката со полицијата бил убиен, додека Благоја, ранет, успел да се извлече од канџите на бугарските фашистички полицајци. Во многу тешки услови ја продолжил револуционерната работа. Бугарскиот Воен Суд го осудил на смрт во отсуство и издале потерница со награда за него.
Во јуни 1944 година Бугарите го откриле неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја херојски загинува на 4 јули 1944

За Народен Херој на Југославија е прогласен на 11 Октомври 1951 година.
БЛАГОЈА СТРАЧКОВСКИ

Роден е на 29 февруари1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија.
После почетокот на војната и влегувањето на бугарскиот окупатор во Велес, Благој бил избран за член на месниот комитет на КПЈ во Велес и секретар на месниот комитет на СКОЈ. После одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активности и избегнувањето да служи на бугарската војска Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“.

Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот. . Извлекувајки се од заседите Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Тука преморени и без муниција Благој и Славе Петков биле фатени и однесени во касарната во Велес.
Тука двајцата биле страшно мачени. Благој на поставените прашања за партизаните од страна на бугарските војници возвраќал со молчење. На 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на пратизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите буграски војници Благој жив го закопале, а после го откопале и го исекле на парчиња.

Оваа негова храброст, труд и желба за слободна Македонија била наградена со тоа што на 11 октомври 1953 со одлука на Претседателот на Федеративна Народна Република Југославија Јосип Броз-Тито, Благој Страчковски е прогласен за народен херој.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
голема благодарност до „Гевара“ ,што ја прифати и подржа
оваа моја идеја да со краток текст ги дадеме податоците на сите
Народни Херои на Македонија, за нивниот живот, дело и идеал за
СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА , која ние сега ја имаме и треба да ја
чуваме. Затоа што таа не ни е подарена,туку извојувана со тешки
борби во НОВ по многувековното ропство.
Во таа борба многу од нив ги дадоа и својте животи,недочекајќи ја
слободата. Многу познати херои и борци. Но многу и непознати и
никогаш неспомнати наши синови и ќерки. Затоа мислам дека
требаше да има и еден споменик на непознатиот херој - борец.
А кој ги имаше многу загинати и овде и далеку од овде во НОВ:
Можеби и не е касно сега во екот на оваа градба на споменици,
на шмизли и бикови, да се присетиме и на нив и ги овековечиме.
 
М

Мартин`

Гостин


Коле Неделковски е роден на 16 декември 1912 година во велешкото село Војница, во сиромашно земјоделско семејство. Во родното село го завршува четиригодишното основно образование, и според некои истражувачи, уште во ова време (1919 - 1923 година) Коле пројавува интерес за литературата.

Со желба да ги прошири своите знаења за многу непознаници, а составни елементи за човековото живеење, Неделковски се запишува во велешката гимназија. Но, по три месеци, поради недостиг на материјални средства, што беше карактеристично за најголемиот број македонски семејства во периодот меѓу двете светски војни, при туторство на великосрпските хегемонисти во Вардарскиот дел на Македонија, Коле го напушта школувањето. Во потрага по елементарна егзистенција заминува во Скопје и му се посветува на молерскиот занает.

ВО НОВАТА СРЕДИНА

... Неделковски се пројавува како интелектуално и општествено ангажирана личност. Освен што го посетува неделното трговско училиште, тој развива и забележителна активност како синдикален деец. Меѓутоа, длабоко во неговата душа се уште тлее љубовта кон литературното творештво.

Во 1932 година, на 20 - годишна возраст, по повод смртта на еден другар, Коле ја пишува песната "Проштално писмо" која, за жал, не е зачувана. Веќе во наредната 1933 година, крајно разочаран од неможноста за духовен развој на македонскиот национален индивидуалитет, поради репресијата на великосрпските власти, Неделковски по кратко задржување во Атина емиргрира во Бугарија.

Надежта дека во бугарската метропола ќе обезбеди материјална егзистенција и услови за слободно раскрилување на творечките потенцијали на духовен и национален план, на самото место ја согледува како нереална. Разочаран од положбата во која се наоѓа македонската емиграција во Бугарија и противречностите на некои македонски средини, Коле Неделковски се повлекува во себеси и паѓа во длабока депресија.

Но, неговите душевни неспокојства по извесно време ќе исчезнат, благодарение пред се на силната љубов кон поезијата и кон македонското народно творештво. Денски работи како декоратер, а во долгите ноќи проучува материјали од минатото на својот народ. Преку Зборникот на Миладиновци деноноќно другарува со македонската народна песна, а во тоа време ги пишува и своите туѓински изгнанички песни. Во периодот од 1933 до 1938 година посетува повеќе образовни курсеви со цел да го дополни испуштеното во своето образовно оформување.

ПОЕТСКОТО ДЕБИ...

... На Коле Неделковски започнува во јули 1938 година, кога во органот на Илинденската емигрантска организација, списанието "Илустрација Илинден" ја објавува песната "Стојан Војвода".

Во есента истата година, по формирањето на Македонскиот литературен кружок во Софија, Коле станува негов активен член. Творечките немири на Неделковски најдоа плодно тло во средината на неговите истомисленици и врсници: Никола Јонков - Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и другите.

Во наредниот едногодишен период Коле објавува уште пет песни, а во 1940 година ја објавува и првата стихозбирка "Молскавици", посветена на мајка му, која содржи 16 песни.

Делото на Коле Неделковски претставува инспирација и за повеќе современи македонски поети. Зборувајќи за создавањето и активноста на македонскиот литературен кружок во Софија (1938 - 1941), академик Гане Тодоровски, во една пригода ја подвлече мошне јасната позиција на поетот во однос на националното прашање.

Вљубеникот во народната поезија на сопствениот народ и предвесник на новото време, Коле Неделковски, во август 1941 година ја објавува својата втора стихозбирка "Пеш по светот", посветена на младите македонски борци. Покрај истоимената поема, ова дело на Неделковски содржи уште седум песни. Тие претставуваат израз за борбен извик на поетот против големата опасност од фашизмот. Песната "Глас од Македонија", во тој однос, претставува своевидна апотеоза на македонскиот народ на неговите вековни страдања и национални стремежи.

Токму во миговите на поетска раскриленост и револуционерна развиоренсот во служба на македонското револуционерно ослободително дело, на втори септември 1941 година, во екот на полициската рација трагично ќе загине, оставајќи голема празнина кај македонскиот народ.

Коле Неделковски загина како член на диверзантската група во Софија која имаше задача од една страна да предизвика извесен неред среде побеснетите фашисти, а од друга да ги натера револуционерните сили да се дигнат на отворена борба против фашизмот. Таа задача Коле ја презеде со готовност и гордост. И во таа смисла даде се од себе.

Коле имаше два објекта над кои требаше да изврши атентат. Тоа беше редакцијата на весникот "Зора" и германската воено радиостаница во квартот "Подуени".

Првиот објект, за кој лично Коле направи подробен план, влегувајќи два-три пати во приземните простории на редакцијата, брзо беше изоставен поради недостаток на неопходното доволно количество експлозивен материјал. Оваа идеја беше замената со планот за атентат над директорот на весникот - Данаил Крапчев. Се разбира, атентатот пак да се изврши во зградата на редакцијата, но во кабинетот на директорот, за да се изрази незадоволството не само против личноста на Данаил Крапчев, туку пред се, против профашистичката редакција на тој весник.

Вториот објект Коле направи обид да го разурне на први септември приквечер. Но... на 2 септември, весниците објавија дека Коле загинал. При обидот на полицијата да го блокира квартот околу зградата во која живееше и да го уапси фрлил една пеколна машина против нив, а потоа се фрлил од прозорецот на својот стан. Не е исклучено да бил проследен од полицијата во обидот да ја изврши задачата над германската радиостаница, меѓу 4 и 5 часот, а постои веројатност полицијата и случајно да го открила вршејќи претрес во блокираниот квартал. Меѓу другото, постојат индиции дека е извршено предавство од некој студент, кој живееше до неговата соба.

Коле Неделковски загина по јуначкиот пример на солунските атентатори. Не затоа што тој беше индивидуалист, туку затоа што нивното дело беше за него синоним на револуционерно јунаштво. Не зашто тој ги носеше нивните "гемиџиски" идеи, туку затоа што тој исто беше романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
БЛАЖО ТОДОРОВСКИ

Блажо Тодоровски - Чичето е роден на 13 април 1902 во село Ресава, Кавадаречко.
Потекнува од сиромашно селско семејство. Се приклучил на комунистичкото движење и зел активно учество на изборите во 1938 година, агитирајќи за опозицијата. Веднаш по окупацијата на Југославија се поврзува со партијната организација во Кавадаречко и во летото на 1941 година става член на КПЈ. Во декември 1942 година ги прима партизаните од разбиениот Велешки одред, а во април 1943 самиот им се приклучил на партизанските групи кај Полошкиот манастир, од кои е формиран Тиквешкиот одред „Добри Даскалов“. Избран е за негов заменик-командант. Се истакнал во борбите кај селата Ресава, Гарниково, Бојанчиште и Драдња.На 16 јуни година ударна група начело со Чичето извршува напад на стационираните бугарски сили во село Никодим, нанесувајќи му тешки загуби на бугарскиот окупатор. Во жестоките престрелки Блажо Тодоровски е тешко ранет па останува отсечен, но и во таква состојба продолжува да дава жесток отпор. Кога муницијата му привршува, извршува самоубиство не дозволувајќи му на душманот да го фати жив.

Прогласен посмртно за народен херој на 11 октомври 1953 година.

БОРКА ВЕЛЕВСКИ

Велески е роден во сиромашно семејство. Бил одличен ученик во основното училиште. Многу млад чита забранета политичка литература, поради тоа е исклучен од 7-ми клас на Прилепската гимназија. Се запишува на Воената школа во Нови Сад, но и неа не ја завршува па се враќа во Прилеп, По окупацијата, стапил во првата партизанска чета на Селечка планина на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски командант, тој е војнички најподготвен партизан во четата. Обучува млади борци кои на 11 октомври го нападнаа Прилеп.
Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот одред „Димитар Влахов“, во мај 1942, станува познат како Горанов. Неговата слава како партизански командант е позната меѓу народот во Прилеп и околината.
Во непријателската офанзива од 14 септември 1942 год., првата чета на одредот „Димитар Влахов“, со која бил и Горанов, е опколена на планината Мукос. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов падна смртно погоден од митралески рафал.

За неговата храброст е опеана песната:
ЗАПЛАКАЛА Е ГОРАТА
Заплакала е гората,
гората Мукос планина,
за тоj ми Борка Левата.
Извика Борка Левата:
„Станујте, браќа, не спите,
од сон cе разбудувајте,
оти ниe сме сардисани
од тие клети фашисти.
Проклети да cе шпиуни,
шпиуни, клeти кодоши,
трагата ни ја најдоа,
та што не нас предадоа.
Фрлајте бумби, патрони,
до еден да изгиниме,
в раце не им се даваме!
Сестрице, Мукос планино,
од тебе ќе се делиме!

За народен херој е прогласен на 20 декември 1951 година.

БОРКА ТАЛЕСКИ


Борка Петров Талески(Црниот, Модерното, Октоподот) е роден на 19 август 1921 година во Прилеп.
По завршувањето на основното училиште, се запишал во Битолската гимназија. На 17 години, како гимназијалец, објавил книжевни прилози и филозофски расправи во списанието „Подмладак“, кое се печатело во Крагујевац. По завршувањето на Гимназијата, се запишал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што во 1939 година постанал член на КПЈ.
На 2 август 1940 година бил учесник на Илинденските демонстрации во Прилеп, поради што бил уапсен. По судењето во Белград, казната затвор ја издржал во затворот на Ада Циганлија, а по излегувањето од затвор, бил испратен во логорот за изолација Меѓуречје-Ивањица.
Во 1941 година станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. На почетокот на јуни излегол во илегалност и од јули 1941 година се приклучил во Прилепскиот партизански одред.
Тој бил непосреден организатор и учесник на востанието против фашистичкиот окупатор на 11 октомври 1941 година.
По извршено предавство, на 2 март 1942 година, заедно со Лазо Филиповски – Лавски, бил убиен во близина на селото Плетвар. Според полицискиот билтен од 20 март 1942 година, предавството го извршил тогашниот кмет од селото Царевиќ.

На 5 јули 1951 година посмртно е прогласен за народен херој на ФНР Југославија и НР Македонија.

БОРКО ТЕМЕЛКОВСКИ

Борко Темелковски – Лиљаке роден на 20 декември 1919 година во Прилеп.

Во 1939 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. 1940 година ја поминал во војска, а по окупацијата во 1941 бил одведен во Германско заробеништво.
Во септември 1941 година се вратил во Прилеп, каде што се приклучил кон месниот комитет на КПЈ и активно работел во припремите за востание. Бидејќи сеуште не им бил познат на бугарските власти, непречено се движел и организирал атентати на шпиуни и соработници на окупаторот. Во новември 1941 година станал секретар на Месниот комитет на КПЈ Прилеп, се до крајот на јули 1942 година. Во тој период, поради неговата зачестена работа навечер, го добил прекарот „Лиљак“.
Во средината на 1943 година окупаторскиот суд во отсуство го осудил на смрт.
Во јули 1944 година, како делегат учествувал во работата на АСНОМ. Истиот месец се вратил на територијата на Втората оперативна зона, каде што ја формирал Четврттата македонска бригада, а потоа првата дивизија и првиот корпус во Македонија. Во септември 1944 година, бил поставен за комесар на Главниот штаб за Македонија, се до мај 1945 година.

Умре на 21 ноември 2001 година во Скопје.
Носител е на Партизанска споменица 1941, Орден на народното ослободување, Полски Партизански крст и Орден на Бугарски ред „Александар Невски“.

Со орден на народен херој е одликуван на 9 Октомври 1953 година.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
БОРО МЕНКОВ

Роден на 6.мај 1919. година воКуманово, во сиромашна фамилија.
1940 година станува член на Комунистичката партија на Југославија. Истата година се враќа во Македонија од Крагуевац во Скопје и отвора фризерсски салон. Во Скопје се приклучува на синдикалното движење и учествува во штрајкови. Полицијата повеќе пати врши рации и претреси вонеговата берберница и го води во затвор.
На почетокот на востанието 11. октомври 1941 годинеа, Боро је постао командант на карадачкиот партизански одред.Со својот одред тргнува према Карадак тамо да делува. Во тродневни борби против бугарскиот окупатор пзагинува на14.октомври кај селото Белановци.

Со указ на президиумот на народното собрание на Федеративна Народна Република Југославија, на 20.декември 1951 година, е прогласен за народен херој.
БОРО ПЕТРУШЕВСКИ

Боро Петрушевски - Папучар се родил во 1920 во Куманово во сиромашно земјоделско семејство на Апостол Петрушевски.
По интуиција на илегалец ја почувствувал опасноста од бугарскиот полициски апарат кој ноќта меѓу 8 и 9 септември 1941 год. започнал рации, затоа го спакувал гештендерот и без колебање и страв успеал да избега. По 2 ноември 1941 год. поради расформирање на одредот за Боро настапиле тешки денови на илегален живот, па затоа заедно со уште 5 другари од Одредот заминале за Прилеп каде требало да се приклучат на Прилепскиот партизански одред.
Во април 1943 Боро добил задача да воспостави врска со партизанската организација во Скопска Црна Гора. Но, на патот кај селото Горанце згасна животот на еден од најактивните организатори на отпорот во Македонија.

На 20 јануари 1951 Боро Петрушевски Папучар е прогласен за народен херој.

ВАНГЕЛ НЕЧЕВСКИ

Нечевски, Вангел - Тунелот (1922-2006), македонски партизан и општественик, народен херој. Неговата целосна определеност на страната на револуцијата го потврдил со вклучувањето во СКОЈ.
По фашистичката окупација, веднаш се вклучил во акциите на месната партиска организација за растурање на пропаганден материјал, собирање на оружје и вршење на курирски должности. Во почетокот на 1942 г. бил уапсен и интерниран во Бугарија. По половина година помината во интернација, се вратил во родната Битола. Но, поради своите активности, веќе не можел да остане во градот и на 4. јули 1942 г. заминал во партизанскиот одред „Даме Груев", кој подолго време успешно дејствувал во битолско, преспанско и кичевско. Во одредот извршувал низа курирски задачи што ги добивал како курир на Главниот штаб на Македонија. Во текот на 1942, 1943 и поголемиот дел од 1944 г. одржувал редовна врска со грчките и албанските партизани, пренесувајќи најдоверливи материјали и префрлувајќи најдоговорни политички и воени раководители и делегати на Врховниот штаб од Македонија. Пред крајот на војната станал заменик-командант на дивизија. По Војната вршел политички и државни должности во Битола и во Република Македонија.

За народен xepoj е прогласен на 20 декември 1951 година.

ВАНГЕЛ ТОДОРОВСКИ

Тодоровски, Вангел - Мајоро (1920-1942), македонски првоборец, народен херој. Уште како многу млад се пројавил со својата активност во редовите на напредното работничко движење во градот. Во текот на 1940 г. на дваесетгодишна возраст Вангел Тодоровски бил примен во редовите на КПЈ.
Поради неговите активности, уште истата година бил апсен, но поради немањето на докази за судско обвинение бил ослободен.
По фашистичката окупација на Македонија учествувал во повеќе акции против бугарскиот окупатор со отворена револуционерна борба.
За да ја спречи таквата револуционерна подготвеност на Партијата, бугарскиот окупатор спровел брза регрутација во Македонија. Меѓу првите, покана за отслужување војска во редовите на бугарската фашистичка армија од Битола добил и Вангел Тодоровски. Тој не се одзвал на поканата и се повлекол во илегалност. Како илегалец не мирувал, туку организирал разни саботажи и диверзии и ја извршувал партиската задача во месната партиска техника. И покрај тешките услови во размножувањето на партиските материјали, секогаш навреме ги издавал партиските билтени, печател летоци и друг востанички и револуционерен материјал. Во пролетта 1942 г. се случила провала во Битола. Откриено било делувањето на партиската техника. При упадот на бугарската полиција во куќата каде била сместена техниката, Вангел Тодоровски го убил полицискиот началник на Битола, а потоа самиот си го одзел животот.

Вангел Тодоровски - Мајоро за народен xepoj е прогласен на 2 август 1952 година.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Пинџур Страхил - Страшо
Роден е во 1925 година во селото Ваташа, Кавадаречко.
Беше член на КПЈ од 1934 година.Учесник во НОВ од 1941 година.
Загина на 4 јануари 1943 година во Скопје.
Произлегува од селско,сиромашно семејство.Татако му загина во Првата светска војна.По завршување на основното училиште во Ваташа, како државен стипендист продолжува да учи гимназија во Крагуевац.Потоа,се запишува на Правниот факултет во Београд.


Краткиот живот на Страшо Пинџур е исполнет со политичка борба за ослободување на Македонија од сите видови поробувачи.Во раната младост тој се оспособува за борец против великосрпската хегемонија и поробување на Македонија.Студенските денови му се исполнети со борба против класниот непријател и со приготвување за борба со фашизмот што упорно настапуваше.Замина за Шпанија,да се нареди во интернационалните бригади за спасување на Републиката.Но отиде само до Прага и поради не добивање на врска е присилен да се врати и да ја продолжи борбата во својата земја,каде фашизмот навлегуваше преку многуте предавници,во сите пори од политичкиопт и друг живот на стара Југославија. По капитулацијата и окупацијата, Пинџур друг живот и немаше освен животот на револуционер и активен организатор на востанието против фашистичките окупатори на Југославија.

Во 1942 година учествуваше во организирањето на партизански одреди и воопшто на НОД во повеќе места во Македонија.Кон крајот на декември во 1942 година во Велес заедно со Мирче Ацев падна во рацете на бугарската полиција.Од Велес беше пренесен во скопскиот обласен затвор. Во полицијата беше ѕверски мачен.За целото време на сослушувањето,не одговараше на прашањата.Само еднаш им рече на агентите дека тој е Страшо Пинџур и дека е тоа се што ќе чујат од него.
За Народен Херој беше прогласен на 29 јули 1950 година.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Alex The_Great
Лазар Колишевски
Страхил Гигов
quote="Alex The_Great, post: 5060136, member: 22536"]Овие двајца не смеат да се нарекуваат народни херои.
Никој нема право никому да наложува свое лично мислење.
Чувај го своето мислење но не наредувај никому како да мисли.

ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ

Станува член и на Покраинскиот воен штаб и се вклучува и во подготовките на востанието против бугарската власт, но набрзо, на 6 ноември 1941 година, е уапсен од бугарската полиција, заедно со 15 други дејци на Охридската партиска организација.

На судскиот процес во Охрид на 26 и 27 ноември, заедно со Петре Пирузе, е осуден на смрт. На 7 декември Колишевски, додека е во затвор, поднесува молба за помилување до бугарскиот цар Борис, по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март 1942 година е префрлен од скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останува се до капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на власт на Отечествениот фронт на 9 септември 1944 година.
Зарем ова ништо не значи знаејќи ги какви биле бугарските затвори во окупирана Македонија а да не зборуваме какви биле во фашистичка бугарија.



Споменик на Колишевски во родниот град Свети Николе
Обид за ослободување на Лазар Колишевски од затвор

Кога како претставник на ПК на КПЈ за Македонија во Битола дошол Мирче Ацев, наскоро во битолскиот затвор го донесле и секретарот на ПК - Лазар Колишевски.Тогаш Мирчета го преокупирала мислата за организирање бегство на Лазо од затвор. Заедно Мирче и Стив се дале на работа за ослободување, односно за спроведување на замислата. Биле воспоставени врски со Лазо в затвор преку Гелејца, која му однесла храна, во која Мирче му испраќал писма. ( Исто така му праќал писмо во пастата за заби) За акцијата во требал да биде ослободен Лазар биле подготвувани десетина членови на КПЈ од Битола. Меѓу нив се наоѓал и еден механичар кој требало кога ќе беа нападнати спроводниците на Лазо кај „Рускиот крст“, зад Офицерскиот дом за кон Станицата, да му ги исече алките од синџирите на рацете и нозете. Во близината требало да чека автомобил, кој ќе го пригател Колишевски и ќе го однесе во селата каде Партиската организација развила силна мрежа. Но, за акцијата дознал ПК и изразил сомневање за успехот, дури дејствувал деморализирачки во смисла да не дојде до престрелка во кој би имало можност да биде Лазо убиен. Во последниот момент оваа акција била напуштена. По тој повод, Мирче Ацев во едно писмо до ПК остро протестирал зошто дал директива да се напушти планот за грабнување и ослободување на Колишевски

Да не се впуштаме во варијантите за докажување за молбата за помилување до бугарскиот фашист цар борис.

СТРАХИЛ ГИГОВ
Гигов станува синдикален активист уште од 1928 година. Член на КПЈ од 1929, а на Месниот комитет во Велес од 1931 година. На 27 декември 1934 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на три години. Ја издржува целата казна во Сремска Митровица и е ослободен на 27 декември 1937 година. На 1 декември 1938 година повторно накратко е уапсен, но поради протестите организирани во Велес, при неговото спроведување во градот, веднаш е ослободен. Есента 1939 година станува член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, летото 1940 година уапсен е по трет пат. Префрлен е во затвор во Белград, но е ослободен од обвиненијата во септември. Во јануари 1941 година е испратен во концентрационен логор кај Меѓуречје, близу Ивањица, каде останува до распуштањето на логорот на 27 март 1941 година.
И ова има некоја тежина, никој не е безгрешен.
Во пред војната и војниот период се случувале работи кои некој не може да ги свати но такво било времето во кое не се знаело од кој да се пазиш.

Кон крајот на 1941 година е секретар на Месниот комитет во Велес. На почетокот на 1942 година е секретар на велешкиот Окружен комитет, а во септември 1942 година повторно е избран за член на новиот Покраински комитет. Заедно со Светозар Вукмановиќ - Темпо, Кузман Јосифовски - Питу и Цветко Узуновски, присуствува на состанокот во Тетово на 19 март 1943 година на кој е формирана Комунистичката партија на Македонија и влегува во нејзиниот прв Централен комитет. Член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, негов член и секретар, како и член на АВНОЈ. Поради неговите активности, окупаторот два пати го осудува на смрт во отсуство.
Учествува на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, на кое е избран за член на Президиумот на АСНОМ. На 6 август е назначен за повереник за градежништво и соопштенија на Президиумот на АСНОМ.

И Ванчо Михајлов со таквите како него немаат право и не заслужуваат да бидат во музејот во Скопје ама ете чучнати се таму а да не зборуваме за такви како него направени споменици по патиштата и градовите во Македонија, бугарофил до бугарофил, врховист до врховист балист до балист ....се одберени заслужни славни предавнички јунаци.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ВАНЧО ПРКЕ

Ванчо Пркев, роден1921 година во с. Серменин,Гевгелија.
Ванчо Пркев Сермен(1921-1943), учесник во народноослободителната борба и народен херој. Во 1939 се запишува на Техничкиот факултет во Белград. Тамо 1940 година постанува член на комунистичката партија на Југославија. Активно учествова во демонстрациите, поради то бил во конфликт са режимот.

На деветнаести мај 1943 тргнува со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застана да се одмори во една колиба.Тука ги стигнува потерата на бугарската полиција и ја опколува колибата. Во групата само тој имаше пушка, додека другите биле невооружени. Им наредува на останатите да се пробијат до планината, додека го заштитува нивното повлекување.Пукаше во бугарските фашисти додека има муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнува на непријателот и во тој момент паднува погоден од митролескиот рафал.

Со указ на Президиумот на Народното собрание на Сојузна Република Југославија, на 2 август 1949 година е прогласен за народен херој.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Заради тие двајца настрадале поголем дел вистински херои. Така да колку и да се трудиш да ги величаш тоа нема да го избришеш дека беа главни виновници за хероите како Ченто.

А за фигурите во музејот. Таму се претставени сите најекспонирани ликови од пред илинденскот период до самостојноста. Безразлика дали позитивни или негативни тие се дел од таа историја. Па затоа негативните личности како Колишевски и Ванчо Михајлов добија место во музејот. Иако негативни, ние не можеме да ги избрешеме дека не постоеле. Но затоа сите на сите генерации можеме да им ја направиме споредбата на позитивен ли Ченто наспроти негативните Гигов и Колишевски. Истиот случај и кај Михајлов.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Заради овие двајца настрадале поголем дел вистински херои. Така да колку и да се трудиш да ги величаш тоа нема да го избришеш дека беа главни виновници за хероите како Ченто.

А за фигурите во музејот. Таму се претставени сите најекспонирани ликови од пред илинденскот период до самостојноста. Безразлика дали позитивни или негативни тие се дел од таа историја. Па затоа негативните личности како Колишевски и Ванчо Михајлов добија место во музејот. Иако негативни, ние не можеме да ги избрешеме дека не постоеле. Но затоа сите на сите генерации можеме да им ја направиме споредбата на позитивен ли Ченто наспроти негативните Гигов и Колишевски. Истиот случај и кај Михајлов.
Слушај пријателе тука не сме да правиме задоволство на врховистите, балистите, бугарофилите со нашето докажување.
Јас не се трудам да ги величам, историјата ги овековечила и овеличила.
Кажи нешто во темата - бугарските ѕверства во македонскиот отпор- потоа да ме учиш за историја кој бил виновник, кој не.

1. Дали можеш ти пријателе да се потрудиш да кажеш колку вистински херои загинаа за АСНОМска Македонија покрај нив и мојот дедо убиен, мојот татко одликуван со медалја со сребрени зраци починат после војната од здобиените рани и болести во војната и мојата мајка со орден заслуга за народ.
2. Кои, и колкав поголем дел настрадале заради тие двајца?

Ченто,Ченто, Ченто, знаеме за Ченто а знаеме и за 30 илјади други Ченто загинати херои за АСНОМска Македонија.



-"Безразлика дали позитивни или негативни тие се дел од таа историја."
- "Но затоа сите на сите генерации можеме да им ја направиме споредбата на позитивен ли Ченто наспроти негативните Гигов и Колишевски."
Оние со вакви мислења се нарекуваат ...двоцевки.

 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Слушај пријателе тука не сме да правиме задоволство на врховистите, балистите, бугарофилите со нашето докажување.
Јас не се трудам да ги величам, историјата ги овековечила и овеличила.
Кажи нешто во темата - бугарските ѕверства во македонскиот отпор- потоа да ме учиш за историја кој бил виновник, кој не.

1. Дали можеш ти пријателе да се потрудиш да кажеш колку вистински херои загинаа за АСНОМска Македонија покрај нив и мојот дедо убиен, мојот татко одликуван со медалја со сребрени зраци починат после војната од здобиените рани и болести во војната и мојата мајка со орден заслуга за народ.
2. Кои, и колкав поголем дел настрадале заради тие двајца?

Ченто,Ченто, Ченто, знаеме за Ченто а знаеме и за 30 илјади други Ченто загинати херои за АСНОМска Македонија.



-"Безразлика дали позитивни или негативни тие се дел од таа историја."
- "Но затоа сите на сите генерации можеме да им ја направиме споредбата на позитивен ли Ченто наспроти негативните Гигов и Колишевски."
Оние со вакви мислења се нарекуваат ...двоцевки.
Не може Ченто, Брашнаров, Шарло да ги ставаш во ист кош со тие кои ги предадоа, тие кои ја издадоа нивната борба.

Затоа ти кажав колку и да ги величаш никогаш нема да можеш да го избришеш тоа дека Колишевски и Гигов после АСНОМ се на погрешната страна и станаа крвници на сопствениот народ само и само за лични интереси.
Заради нив двајца се настрадани апсолутно сите кои денес можеме да ги наречиме жртви на комунистичкиот режим а ги има премногу.

А истиот тој Гигов на 50 годишнината од Илинденското востание предложил Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и останатите илинденци да се прогласат за Бугари заради тоа што ако се продолжела практиката да бидат споменувани и опевани, ќе станеле пославни од него.
Ова е сведоштво на Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорѓи.


Двоцевки се токму тие кои оправдуваат тоа што заради Колишевски и Гигов огромен дел Македонци завршиле по затвори, на Голи Оток и биле убиени.
Така да никому не правиме задоволство туку или прави херои и вистински Македонци за тебе се Ченто, Шарло, Брашнаров, Шатев или па се Колишевски и Гигов.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ВАСКО КАРАНГЕЛЕВСКИ

Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. е роден е во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921 година.
Карангелевски, Васко (1921-1977), македонски воин, генерал-полковник, народен херој. Потекнува од битолското село Брусник, каде многу рано активно се вклучил и станал член на СКОЈ. Co формирањето на првиот Партизански одред во брусничкиот регион, во 1942 г. Карангелевски веднаш се вклучил во него.
Одредот најпрво изведувал помали диверзантски акции, снабдувајќи се на тој начин со оружје и муниција. Истакнувајќи се со своите активности Карангелевски станал командир на чета. Зимата 1943 г. со баталјонот „Стив Наумов" учествувал во акциите од Егејска Македонија до Козјак. Во февруари 1944 г. се формирала Третата ударна бригада. Во неа тој бил командант на баталјон. Co завршувањето на пролетната офанзива значително се зголемила слободната територија во Македонија. Од Третата ударна бригада се одделил еден баталјон кој заминал во Источна Македонија. Наскоро на тој терен се формирала Четвртата бригада, a В. Карангелевски станал заменик командант. Подоцна истата должност ја вршел и во Петтата и во Седмата MHO бригада. Ослободувањето на Македонија го затекнало на должноста командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија. По ослободувањето вршел одговорни должности во ЈНА. Се до неговата трагична смрт во 1977 г. тој бил командант на Скопската воена област со чин генерал-полковник.

ВЕРА АЦЕВА

Одликувања

Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.
По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ. Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ е избрана за министер за земјоделство. Потоа била член на Сојузниот извршен совет, пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.

Народен херој од 27 ноември 1953 година

ВЕРА ЈОЦИЌ

Родена на 21 август 1923 во с.Сингелиќ Скопско во средна имотно земјоделаска фамилија.
1943 е заменик политички комесар во Кумановскиот партизански одред. Со формирањето на партизанскиот одред "Орце Николов" е заменик политички комесар на третиот баталјон.Се истакнува во борбите кај Дреновик Пелинци,Ристовци и други места.
На 20 мај 1944, бригадата водела тешки борби кај лисец на Осоговските планини. Вериниот трет баталјон во јуриш да го пробие патот преку бугарската окупаторска војска на планината Огражден во јуришот Вера тешко е ранета. По три дена носена на рацете на партизаните им подлегнува на раните.
Со указ на президиумот на ФНРЈ на 20 декември 1951 година е прогласена за народен херој.






*************************************************
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 14:31 ---
Alex The_GreatЗаради нив двајца се настрадани апсолутно сите кои денес можеме да ги наречиме жртви на комунистичкиот режим а ги има премногу.
1. Знаеш ли да кажеш некоја жртва на фашистичкиот режим, и колку ги има.
2. Знаеш ли да кажеш некоја жртва на Сталинистичкиот режим.
3. Знаеш ли да кажеш некоја жртва од предавничкиот режим.
4. Знаеш ли да кажеш некоја жртва од великобугарскиот режим.
???
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Извадоци од сведоштва не се на одмет, нели?

„Предавство, мајче, предавство... мене ме пратија домашните, оти двајца од брајчата ми беа во партизани, да видам, оти низ град се слушна дека еднио загинал во провалата. И јас, така, нога за нога, ситничка бев, имав 10-11 години, се мушнав низ гужвата и ги видов таму, двјацата лежеја, а бугарска полиција насекаде наоколу... не можеше да се пристапи.

Се распрашував по познатите, кои се убијаните: еднио беше Јане (Кире Гаврилоски)... телата му беа речиси изгорени... не можев да препознам никого.

А за бугарските војници, имаше и прилепчани меџу нив, меџу бугарските војници, а некои му беа другари на брајчата.
Кога требаше да се пренеса бомби или муниција, ме прајчаја мене, и ги клаваја во торби со ориз и брашно, ама секогаш кога овие, нивниве другари беа на стража... тие само ми намигнуваја, чат - пат че ме потпрашаја: „шо носиш чупе во торбата?“, јас че му речев брашно или некојпат ориз... и после ме пуштаја - знаеја шо носам.“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom