Македонски урбани легенди

L

.Lost Angel.

Гостин
Легенда за настанување на градот охрид..кога некоја жена се движела по планината галичица и се уморила од горнината и печењето на летното сонце..кога таа извикала ох,рид и по тоа велат дека градот го добил своето име..
ако ми текне уште некоја ке ви постирам..
Не че да е со девојка јас имам друга верзија, само не ми текнува баш ама знам дека не беше со девојка.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Не че да е со девојка јас имам друга верзија, само не ми текнува баш ама знам дека не беше со девојка.
Незнам со што беше и јас не сум сигурен одамна ја имам слушано ама важно знам дека беше со ох,рид и галичица :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Легенда за настанување на градот охрид..кога некоја жена се движела по планината галичица и се уморила од горнината и печењето на летното сонце..кога таа извикала ох,рид и по тоа велат дека градот го добил своето име..
ако ми текне уште некоја ке ви постирам..
Не че да е со девојка јас имам друга верзија, само не ми текнува баш ама знам дека не беше со девојка.
Не била девојка, туку наводно биле војниците на Цар Самоил и викале Ох-Риде (или Во-Хриде), во превод - На Рид.Поранешното име било Лихнидос (Божја Светлина), а името го дал протераниот Фениќанец Кадмо (истоимената кафетерија е по него именувана и со мотиви од легендата) кој се доселил до Охридското Езеро и го формирал градот на местото кај сегашните плажи Потпеш и Канео.

Во 879 година првпат е спомнат со новото име Охрид, на Цариградскиот собор во 879 година, Лихнидос бил епископски центар уште од петтиот век.
http://www.kadmobeach.com/mkd/index-5.html

Kadmo Beach Club За Нас

Легенда за Кадмо

Кадмо е син на кралот Агенор и кралицата Телефаса, брат на Феникс, Циликс и Европа односно митолошки лик. Откако Зевс ја грабнал Европа, Агенор ги испратил своите синови да ја бараат, и им кажал да не се враќаат без неа. Браќата се разделиле во потрага по својата сестра а Кадмо заминал на својот пат заедно со неговата мајка Телефаса. После кратка потрага на островите Рода и Тера, подолго се задржал во Едонака, Тракија каде Телефаса неговата мајка се разболела и умрела. Потоа Кадмо заминува за Делфе за од пророчицата дознае каде се наоѓа неговата сестра Европа. Пророчицата му кажува да престане залудно да ја бара својата сестра и да основа град на местото до кое ке го однесе крава. Кога Кадмо поминувал низ Фокида, помеѓу говедата на Пелагон синот на Амфидаман, здогледал една крава која на бедрата имала бел знак во вид на полна месечина. Кадмо ја купил кравата и долго ја следел, се до тебанското поле, каде животното од умор паднало. На тоа место Кадмо го поставил Атенинскиот кип и одлучил да ја жртвува кравата во чест на божицата. Бидејќи за жртвувањето му била потребна вода, Кадмо испратил неколку пријатели да донесат вода од изворот кој бил во близина. Страшниот змеј син на Ареј кој го чувал изворот ги нападнал неговите другари и пред Кадмо да стигне ги убил. Кога Кадмо стигнал на изворот го поразил и го убил змејот. По совет на Атина половина од забите на змејот Кадмо ги посеал, додека другите половина божицата ги поклонила на колхидскиот крал Етеј. Од посеаните заби одма изникнала наоружана војска позната како Спартанци ( Посеани ). Кадмо меѓу нив фрлил камен а тие не барајќи кривец започнале жестока борба, и од борбата преживеале само 5 Спартанци.

Заради убиството на змејот, Кадмо 8 години морал да му служи на Ареј, По завршувањето на тие 8 години Атина му ја подарила власта над Теба а Зевс му ја дал сопругата Хармонија, ќерка на Ареј и Афродита. Венчавката на Кадмо и Хармонија била прославена во Кадмеја, тврдина околу која подоцна се развил градот Теба. Тоа била првата свадба на смртници на кои присуствувале сите Олимпијани. Музи со златни венци во косите пееле свадбени песни, а боговите им донеле големи дарови. Кадмо на Хармонија и подарил огрлица која му ја поклониле Хефест, Афродита и Европа како и прекрасен фустан кој подоцна ќе им донесат голема несреќа на сите кои ги поседуваат.
Кадмо среќно живеел со Хармонија која му родила 5 деца: синот Полидор и ќерките Агаве, Инона, Семела и Аутоноја. Откако доживеале длабока старост сопружниците биле принудени да ја напуштат Теба и престолот да му го препуштат на нивниот внук Пентеј. По заминувањето дошле во земјата на Енхелеите кои живееле на тогашното “Бело Езеро” каде Кадмо го основал градот Лихнид ( денешен Охрид ). Затоа Кадмо се смета за првиот Лихниѓанец, а и името на нашите хит локации во Охрид го враќаат неговото име во новото време за да го запознаат и оние кои што порано не го знаеле – КАДМО.

Кадмо Семејно Дрво


 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Не била девојка, туку наводно биле војниците на Цар Самоил и викале Ох-Риде (или Во-Хриде), во превод - На Рид.Поранешното име било Лихнидос (Божја Светлина), а името го дал протераниот Фениќанец Кадмо (истоимената кафетерија е по него именувана и со мотиви од легендата) кој се доселил до Охридското Езеро и го формирал градот на местото кај сегашните плажи Потпеш и Канео.Во 879 година првпат е спомнат со новото име Охрид, на Цариградскиот собор во 879 година, Лихнидос бил епископски центар уште од петтиот век.
Пријателе,легенди и преданија,кој како слушнал така пренел сите различно знаат,а темава е за легенди немора да бидат вистинити доволно е да бидат само пренесени односно да бидат преданија.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Не била девојка, туку наводно биле војниците на Цар Самоил и викале Ох-Риде (или Во-Хриде), во превод - На Рид.Поранешното име било Лихнидос (Божја Светлина), а името го дал протераниот Фениќанец Кадмо (истоимената кафетерија е по него именувана и со мотиви од легендата) кој се доселил до Охридското Езеро и го формирал градот на местото кај сегашните плажи Потпеш и Канео.Во 879 година првпат е спомнат со новото име Охрид, на Цариградскиот собор во 879 година, Лихнидос бил епископски центар уште од петтиот век.
Да да ме потсети беше со Цар самоил и војниците, кога дошле кај галичица извикале Ох рид и како демек од тогаш името охрид го добил по тоа. :D е сега колку е точно незнам.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Не во Драчево туку кај фабриката ИНО СПЕКТАР,близу УСЈЕ фабриката. Таму демек пред да стават камбана, се појавувале духови.
-во Усје, многу одамна,во српско 1918 - 1928 година, има починати многу
членови од едно семејство т.с. скоро сите,незнам каде им се гробиштата ама долго време ги викале “Баровски гробишта“- и дали сега постојат незнам.ги покосила чума-тогаш неизлечива туберколоза.
--- надополнето: 20 март 2012 во 12:15 ---
- внучко да ти кажам и јас некое зборче за Скопјево
ај по ваше нека биде де, урбани легенди
Скопје си беше Скопје и пред да дојдат во него мариовци и шопи.
Скопје си беше Скопје и во Турско и во Српско и во Бугарско.
Си имаше и многу цркви, ама една си беше ептен Скопска-наша.
Таа беше во Пајко Мало, посветена на Св. Богородица.
Сега може да ја видите и посетите,пред некоја година ја направија.
Ослободителите- (читај,бугарските фашисти) старата црква ја
ограбиле а потоа ја запалиле во време на окупацијата (читај,НОБ)
Долго време тоа место беше празно-црковно,вакавско ли се викаше.
Ама комунистиве после земјотресот,решива Скопје да го градат.
И на тоа исто место почнаа да градат де ова де она.Тие дење градат
тоа ноќе се урива.Потоа пак одново,целата постапка. Ама не бива.
И на крајот се откажаа.МАНУ и дом на Млади ги направиа понатаму.
Си остана тоа место пак празно,на радост на нас децата од околните
маала а кој учевме во О.У. “Кирил и Методиј“- т.с.беше ливада за фудбал.
Значи било тоа место црквено и црквата си го бараше за себе.Потајно.
Кој ги рушеше почнатите темели за новите градби го немаме одговорот,
остана мистерија-“Виша Сила“... Продолжете да размислувате за ова.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
урбана легенда бр: 2
информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
уште поточно не и фалеше ама баш ништо, (обележана со три зелени црти)
е тоа е урбана легенда а тој што ја направи права легенда како ли заврши?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Имам прочитано од негде дека во Скопје кај некоја си пештера не знам точно каде е се појавувале самовили :icon_lol:
 
Член од
23 март 2012
Мислења
34
Поени од реакции
35
Значи вака за Црна ружа имам слушнато и јас..
Оваа секта не постои само во Скопје, туку и во источна Македонија, поточно во Кочани.. ептен сигурен сум за ова пошто има луѓе што ги знам, а биле претходно членови на истата.. Само незнам како излегле од неа?!
--- надополнето: 23 март 2012 во 14:30 ---
Значи вака за Црна ружа имам слушнато и јас..
Оваа секта не постои само во Скопје, туку и во источна Македонија, поточно во Кочани.. ептен сигурен сум за ова пошто има луѓе што ги знам, а биле претходно членови на истата.. Само незнам како излегле од неа?!
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
-во Усје, многу одамна,во српско 1918 - 1928 година, има починати многу
членови од едно семејство т.с. скоро сите,незнам каде им се гробиштата ама долго време ги викале “Баровски гробишта“- и дали сега постојат незнам.ги покосила чума-тогаш неизлечива туберколоза.
--- надополнето: 20 март 2012 во 12:15 ---
- внучко да ти кажам и јас некое зборче за Скопјево
ај по ваше нека биде де, урбани легенди
Скопје си беше Скопје и пред да дојдат во него мариовци и шопи.
Скопје си беше Скопје и во Турско и во Српско и во Бугарско.
Си имаше и многу цркви, ама една си беше ептен Скопска-наша.
Таа беше во Пајко Мало, посветена на Св. Богородица.
Сега може да ја видите и посетите,пред некоја година ја направија.
Ослободителите- (читај,бугарските фашисти) старата црква ја
ограбиле а потоа ја запалиле во време на окупацијата (читај,НОБ)
Долго време тоа место беше празно-црковно,вакавско ли се викаше.
Ама комунистиве после земјотресот,решива Скопје да го градат.
И на тоа исто место почнаа да градат де ова де она.Тие дење градат
тоа ноќе се урива.Потоа пак одново,целата постапка. Ама не бива.
И на крајот се откажаа.МАНУ и дом на Млади ги направиа понатаму.
Си остана тоа место пак празно,на радост на нас децата од околните
маала а кој учевме во О.У. “Кирил и Методиј“- т.с.беше ливада за фудбал.
Значи било тоа место црквено и црквата си го бараше за себе.Потајно.
Кој ги рушеше почнатите темели за новите градби го немаме одговорот,
остана мистерија-“Виша Сила“... Продолжете да размислувате за ова.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
урбана легенда бр: 2
информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
уште поточно не и фалеше ама баш ништо, (обележана со три зелени црти)
е тоа е урбана легенда а тој што ја направи права легенда како ли заврши?
Скопје и ќе остане Скопје само да си оди сељачанава што побрзо, неможам да ги гледам веќе од нива у град.Или прво едно година дена на социјализација па после у Скопје или мрш по тоа селата.
Извинете ван тема али се напнав :)
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Имам слушнато дека после затворот Идризово позади Пилко фабриката имало некоја голема куќа .. била без прозори без фасади само така напраена а до неа на 20 метри имало гробишта најверојатно турски .. и од порано се ширела некоја легенда дека кој ќе влезе во куќата да стапне внатре моментално се здрвува и не можел ни да викне ни да се мрдне .. и еден мој другар храбар се кладеле незз во пари со уште 2ца другари ( овие му ја кажале приказната а овој храбар демек можел да си влезе и да си излезе без да му биде ништо и се кладеле ) и влегол тој внатре и тие се договориле ако не излезе за 5 мин да го земеме и поминале 5-6 минути ни трага ни глас од другаров и овие решиле да го извадат ... значи не стапнале внатре тој точно го поминал влезот и го извлекле без да влезат и кога го прашале што ти се случи тој рекол не знам на ништо не се сеќавам
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
не е бе така :baeh:. мн глупа ја напрај приказната и ти. Вака. Кај мене вмаало има една.... абе го иам ова еднаш напишано, али во друга тема беше. Ај шо има врска. Кај мене в маало има една куќа без фасада и без таван на вториот спрат. Куќава е од татко му на едно дугарче мое маалско и знајш татково на детево одма до куќава има автосервис. Му тргнал бизнисо па сакал да се прошири или сакал да си се всели во куќава незнам, ама.... од ко знам за мене куќава стои како шо ви кажа и буцио... ко распадната. И знајш ние деца сакавме да знајме шо е работава, и демек на местово од куќкава уште во турско време имало црква. И сеа на местово од црквава се најдува куќава. А други вела дека тука живеел поп, шо си ги убил и жената и децата и се самоубил ( ова второво тро поглупо е и понелогично ). Нема врска. Шо е финтава со куќава... Кога и да го напра таванот на вториот спрат, другио ден таванот е паднат... дали се вандали ова она не знаеле. И еден ден овај газдава ( татково на другарчево ) решил да преспија една вечер на вториов спрат во куќава..... другио ден чоеков не е ист, и си ја остај куќата да си стој така :toe:. Ова другарчево ништо не кажува шо се случило, ама шо и да било не било баш забавно. Ние ко мали сакавме да влезиме еднаш и еден пијаница не исплаши уште пред да ја поминиме улицата, а толку е од мојава зграда, една улица ме дели со куќава.... spooky:helou:
За Прилеп збопуваш така??? Ја колку шо знам дека турале плоча на сам ден велигден и од тогаш кујчата е опседната.
А можно е да има нешто
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.619
Поени од реакции
14.353
урбана легенда бр: 2
информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
Која е таа?
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
551
Поени од реакции
297
урбана легенда бр: 2
информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
уште поточно не и фалеше ама баш ништо, (обележана со три зелени црти)
е тоа е урбана легенда а тој што ја направи права легенда како ли заврши?[/quote]

E ај ти одговори ако знајш нешто ? Кажи ни да не бараме сега :D
За Прилеп збопуваш така??? Ја колку шо знам дека турале плоча на сам ден велигден и од тогаш кујчата е опседната.
А можно е да има нешто

Потврдувам за куќата и јас го знам сопственикот... Точно е дека не е во ред нешто со таа куќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom