Најсекси пратеничка во Македонија

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.339
Поени од реакции
7.452
Енд д винер ис

Мерал Узеири - Ферати - ДПА !!



Иако и е лош стајлингот цурата има лепоте класа над другиве !
Ах.. поспан бев, сум заборавил да кликнам на незиното име на листата на праници. Дури и со црвена коса ми е HAWT.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Ах.. поспан бев, сум заборавил да кликнам на незиното име на листата на праници. Дури и со црвена коса ми е HAWT.
После номинацијата на Кајгана, пратеничкава почна наголемо да се промовира ---> http://www.youtube.com/watch?v=8otcPyWW9xU
Ќе се испотепаја едночудо Албанци заради чуп(р)ево денес...:cuc:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Има има и теткици и помлади добри,леле Мехмети во невестински:drk::drk:.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Има голем број добри, ама Ермира е класа над сите.

Да бидеме реални (y)
е сега малку што си е сменета, па се омажи девојчето ако не е и бремена.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
[quote="Tonchie, post: 4286825"
Дешира Имери магиста по компјутерски науки, УЕЈЛ... којзнае што преведувале овие од собрание... како и да е. ем гик, ем убава, ем пред неколку денови наполнила 30... тамам :)

--- надополнето: Jul 27, 2011 11:25 PM ---

[/quote]

Активности во Собранието:

Комисија за надворешна политика, член
Комисија за образование, наука и спорт, член
Комисија за финансирање и буџет, заменик-член

Оваа колешкава моја ко што и го гледам профилов на собрание за све ја бива бе, уште кулинарство и фали :pos:
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Ѓулистана Марковска....хихихихихихихи
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Деваја се презива не ке да е наш..
овој и е МАЖ?????
еве ви ја поговорката: Убавите круши, свињите ги јадат (n)
кај го нашла бе овој? леле бе ќе се убијам. овој може чичко да и биде.
кај ми требаше да ја видам сликава пред спиење.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.456
овој и е МАЖ?????
еве ви ја поговорката: Убавите круши, свињите ги јадат (n)
кај го нашла бе овој? леле бе ќе се убијам. овој може чичко да и биде.
кај ми требаше да ја видам сликава пред спиење.
Money, money, money
Must be funny
In the rich man's world.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.339
Поени од реакции
7.452
ИЗБОРОТ НА ВЕСТ ЗА НАЈСЕКСИ ПРАТЕНИЧКА ГО ЗАСЕНИ ИЗБОРОТ НА НОВАТА ВЛАДА

Власта и опозиција обединети против сексапилот




На анкетата на "Вест" за најсекси пратеничка најмногу кликови на Интернет доби Ермира Мехмети - Деваја (ДУИ), а ја следат Мерал Узеир - Ферати (ДПА) и Косана Николиќ - Мазнева (ВМРО-ДПМНЕ)

Ермира Мехмети - Деваја, пратеник, фронтмен на ДУИ во Парламентот, доби најмногу кликови на интернет анкетата на "Вест" за избор на најсекси пратеничка. Анкетата траеше два дена на веб - порталот, во текот на седницата за избор на новата влада. Мерал Узеир - Ферати од ДПА е втора, па за неколку гласа зад неа е Косана Николиќ - Мазнева од ВМРО-ДПМНЕ.
Изборот на "Вест" за најсекси пратеничка го засени изборот на новата влада. Првиот ден од почнувањето на анкетата таа предизвика заинтересираност меѓу пратениците. Во паузите, низ ходниците и особено кај местата за пушење пратениците се договараа за кого да гласаат. Имаше и сериозни забелешки зошто меѓу фаворитите на "Вест" имало некои пратенички, а некои не, пребројуваа колку пратенички од која партија се поставени на страниците на весникот и се полемизираше која има најмногу шанси да биде избрана.
Веќе на денот на изборот на новата влада, анкетата била сфатена сериозно и расположението нагло се смени. Дознаваме дека координаторката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева иницирала да се напише остра реакција до Редакцијата "Вест". Илија Димовски, директорот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и помогнал на Бонева, го испратил писмото до сите кординатори на пратеничките групи, и побарал солидарност за да испратат писмо усогласено со консензус.
На писмото, покрај Вељаноски, се потпишани: Силвана Бонева (ВМРО-ДПМНЕ), Игор Ивановски (СДСМ), Талат Џафери (ДУИ), Имер Алиу (ДПА), Горан Мисовски (НСДП), Рејхан Дурмиши (НДП), Јани Макрадули (СДСМ), Сузана Салиу (ДУИ) и Светлана Јакимовска (ВМРО-ДПМНЕ).

***

Која жена не сака комплименти?

Вчера побаравме изјава од трите пратенички кои добија најмногу гласови од читателите на веб изданието на "Вест".
"Не сакам да коментирам ништо. Само можам да кажам дека тоа си е право и уредувачка политика на весникот", ни изјави победничката во анкетата Ермира Мехмети - Деваја.
На наше инсистирање, сепак, нешто да им порача на огромниот број читатели што гласаа за неа, таа се насмевна и рече: "Ви благодарам".
И Мерал Узеири - Ферати од ДПА, втора според гласовите на читателите, им благодари на тие што ја гласале за најсекси пратеничка.
Таа вели: "Која жена не сака да добие комплимент дека е убава, интелигентна, згодна, паметна или сексапилна? Некои работи мора да ги признаеме, нели?", се шегуваше Ферати.
Но, таа забележува на зборот "најсекси", за кој вели дека не е баш пристоен за професијата пратеник, особено за жена.
"Мене лично и не ме погоди толку критериумот за избор, туку за тоа што ќе си речат гласачите. Сепак, да не помислат дека сме дојдени овде поради убавина и сексапил. Имаме ние многу други квалитети", вели Ферати.
И Косана Мазнева - Николиќ од ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на читателите кои го дале гласот за неа, но предупредува дека работата на пратениците е многу сериозна, па вокабуларот "најсекси", според неа, не е баш соодветен за нивната работа.
С. К. Делевска

***

Десетте пратенички со најмногу кликови на Интернет

1. Ермира Мехмети-Деваја- ДУИ ....................... 3069
2. Мерал Узеири-Ферати - ДПА......................... 739
3 Косана Николиќ-Мазнева - ВМРО-ДПМНЕ ......... 679
4. Весна Бендевска - СДСМ .............................. 545
5. Наташа Савова-Салковска - СДСМ .................. 497
6. Маринела Тушева - СДСМ ............................. 404
7. Радмила Шеќеринска-Јанковска - СДСМ ......... 395
8. Ане Лашкоска - ВМРО-ДПМНЕ ....................... 276
9. Тања Томиќ - СДСМ .................................... 144
10. Ленче Николовска - Независен прат. .......... 140


Извор: ВЕСТ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom