Најекономично греење (затоплување)

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Плинска ама термо акумулациона е таква тие спас
 
Член од
20 октомври 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дај стави некој линк од такви термо акумулациони на плин.......
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Цената на струјата расне, а што цената на цврстото гориво не расне, или нема да расне понатака? Или нафтата е евтина? Или плинот? Секој енегенс поскапува младичу, особено во време на рецесија... и натаму ке поскапува, тоа е извесно.
Што се однесува до потрошувачката на ел. енергија на еден инвертор од брендовите кои ги набројав (веројатно не си прочитал!?) ќе повторам просечната потрошувачка им е од 0,6 - 1 Кв на час.... значи ваков еден уред со работа од 10 саати ќе потроши енергија колку термо-акомулациона 6-ка во еден саат! Во предходните постови го споредив тоа со светилки од 100 Wati, значи просечната потрошувачка на БРЕНД инвертор би била колку 7-8 сијалици, колку што обично се вклучени во исто време во една таква куќа, во која што живееш.... COP-factor се вика тоа пресметување на инсталираната снага на инверторите која зависно од потреби е од 3-6Кв.... и просечно потрошената енергија, која како реков се движи од 0,7 до 1 - 1,2... Значи ЦОП факторот може да биде од 3 до 5
Види и за куќа да се работи од два ката, со квадратура од 200-250м2.... повторно би размислувал за 4 инвертора од висока класа од кои еден чини околу 600 Евра.... или за некој друг систем за греење. а не за котел-печка на екошпар за индивидуално парно. Ти спомнуваш некоја цифра од која боли глава... На пример многу поевтино би те чинел котел на цврсто гориво (дрва) и верувам дека исто толку би потрошил (10,000,- ден/месечно) колку што рекламираат за греење со котелот на Екошпар, со пелети.
Распрашај се и во Фонко за термалните пумпи, штом велиш вреди да се стегнат заби..... Не слушај гаталец, ама ниту патилец! Или слушај го - за да знаеш што нетреба да ставиш!... слушај некој што е задоволен од она што го користи... и слушај стручни лица, оние што се навлезени во проблематиката... Тука Онак е неприкосновен и може многу да ти помогне.
да ми ја даат на поклон ке ја продадам како нова на некого... печка или котел на пелети е промашена работа... плинот посекако си носи некои свои недостатоци како и опасности.. плин е се разбира... иако вентили заштитни ово оно, сепак постои убава шанса да се потпалиш... што се однесува до греалките на плин, тие не се ништо поинакви од инфра ред греалките на струја.. работат на ист принцип, на зрачење со гама зраци кои ја греаат површината на која допираат па после тоа воздухот... додека климите и радијаторите го греат воздухот кој треба понатака да загрее се друго околу себе. исто е и со термоакомулационите печки без оглед дали се на плин или струја.

а по прашање на економичност, тука веке може да се дикутира многу, мегутоа како економични, печките на пелети не би ги сврстал во таа категорија, бидејки сум сведок колку трошат... не ебаш така дека се става една врека на 3 дена... тоа мало сутра... понатака и котлите за парно на дрва се економични, ама брате си бараат посветеност максимална... дрва, пепел, па згаснал, па оџак чистење, па притисоци па ово оно, па недја боже струја да снема и пумпата да застане... го обравте бостанот... онакое ке го сврстам во грешно греење е греењето на печка... БИЛО КОЈА ПЕЧКА... како може да биде правилно греењето од еден простор? значи има луге кои ми тврдат дека се задоволни со печките и шпоретите.... греат една соба и наводно се шитри температурата низ целиот стан-куќа... откако ке им измерам собна температура (поседувам дигитални мерачи) има температурна разлика и до 12 степени од соба во соба.... кај е тука правилното греење? каква е таа не изедначеност на температури? па зар ние што проектираме инсталации за радијатори сме кретени што израмнуваме температури? што па да не стурме 5-10 радиајтори во една соба и ке го грееме цел стан-куќа? ке се заебаваме тука цевки низ цел објект ке влечеме, стави све на едно место и чао... тоа ми беше поентата...

геотермалните пумпи се превара невидена... зборам за мак, подрачје... не ги гледајте параметрите од надвор, на пример шведска... шведска има повисока температура-подземна... плус јас не видов ниедна правилно изведена пумпа до сега кај нас... геотермална пумпа захтева бушотина од нај малку 120 метри под земја... ама за нејзе, како што рече змиго, иди во фонко и слушај што ке ти кажат таму... после што не ти е јасно, прашај тука и ке ви појаснам и сами ке сватите зашто геотермалната пумпа не е за вас... да почнеме со цената... само уредот, без копање, бушење, монтажа, радијатори или фенкојлери без ништо друго значи, кошта 7.000 евра... да... идеш си го купуваш и носиш дома за таа сума... башка е другото се...
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Цената на струјата расне, а што цената на цврстото гориво не расне, или нема да расне понатака? Или нафтата е евтина? Или плинот? Секој енегенс поскапува младичу, особено во време на рецесија... и натаму ке поскапува, тоа е извесно.
Што се однесува до потрошувачката на ел. енергија на еден инвертор од брендовите кои ги набројав (веројатно не си прочитал!?) ќе повторам просечната потрошувачка им е од 0,6 - 1 Кв на час.... значи ваков еден уред со работа од 10 саати ќе потроши енергија колку термо-акомулациона 6-ка во еден саат! Во предходните постови го споредив тоа со светилки од 100 Wati, значи просечната потрошувачка на БРЕНД инвертор би била колку 7-8 сијалици, колку што обично се вклучени во исто време во една таква куќа, во која што живееш.... COP-factor се вика тоа пресметување на инсталираната снага на инверторите која зависно од потреби е од 3-6Кв.... и просечно потрошената енергија, која како реков се движи од 0,7 до 1 - 1,2... Значи ЦОП факторот може да биде од 3 до 5
Види и за куќа да се работи од два ката, со квадратура од 200-250м2.... повторно би размислувал за 4 инвертора од висока класа од кои еден чини околу 600 Евра.... или за некој друг систем за греење. а не за котел-печка на екошпар за индивидуално парно. Ти спомнуваш некоја цифра од која боли глава... На пример многу поевтино би те чинел котел на цврсто гориво (дрва) и верувам дека исто толку би потрошил (10,000,- ден/месечно) колку што рекламираат за греење со котелот на Екошпар, со пелети.
Распрашај се и во Фонко за термалните пумпи, штом велиш вреди да се стегнат заби..... Не слушај гаталец, ама ниту патилец! Или слушај го - за да знаеш што нетреба да ставиш!... слушај некој што е задоволен од она што го користи... и слушај стручни лица, оние што се навлезени во проблематиката... Тука Онак е неприкосновен и може многу да ти помогне.
Фала за исцрпниот одговор младичу :).
Ама за куќа на 3 спрата колку и да ставиш инвертори не би завршиле работа. Кажи ми како ќе стоплиш две WC-a, во нив сигурно нема да ставиш клима уреди или пак да ја држиш вратата отворена за да се стоплиш кога си внатре :). Единствено решение за толкава површина и толку простории е само парно греење, ќе си земеш и болјери кои можат да се приклучат на парниот систем за кои ќе трошиш само малце струја.
Најверојатно сега ќе ставам парно на дрва, помала инвестиција е, а и секако дрвата се купени. Годинава нема да го греам 3-тиот спрат (немам ни потреба моментално). Па здравје за 1-2-3 години ќе ставам или котел на пелети или Кано систем за кој што морам малце повеќе да се распрашам.

п.с И јас се сложувам дека греењето на струја е најчиста и најефикасна работа (троа скапичка ама....), но тоа мене не ми врши ама никаква работа моментално.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850

ОК е ... види немаме сите куќи на три спрата. Толку има зградата во која јас живеам. Да, за тебе најубаво решение би бил котел со индивидуално парно. Пред се на цврсто гориво, но прочитај што за тоа напиша Онак, за ризиците и опасноста со снемувањето струја... распрашај се и за Кано системите....само немој *Руски подморници* да ставаш, оној начин со циркулирање на течност со сода ли беше!? многумина се жалат од нив. Во секој случај прибери информации...сепак затоплување на куќа од 3 ката, не е евтина работа, за да се избрза и евентуално погреши.
А она што го посочи како проблем, затоплување на ВЦ-њата, мене не ми изгледа како голем проблем.... имаш толкав избор на грејни тела за ВЦ-ња, глава боли. Нивното затоплување би можело да се реши со панелен конвектор од 0,75Кв/ч или 1Кв. Па дури и најевтините и најидиотски од кинеско производство кои чинат по 2,400 денари (Ги продава Еуротулс)...успешно би го извршиле загревањето на купатилото. Таму барем не требаат континуирани 22-24*Ц колку што ни треба во дневната.
 
Член од
20 октомври 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
е ако де се солени пиши кој ги прае кај си видел да се исконтактира со луѓето па да се запознаа и останатите на форумов ако греењето е ефтино.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
е ако де се солени пиши кој ги прае кај си видел да се исконтактира со луѓето па да се запознаа и останатите на форумов ако греењето е ефтино.
не смее да пише такви работи, забрането е... јас јадев бан еднаш заради тоа... може да ти прати во ПП... а баш би сакал и јас да добиам податоци.. си праам некој бајрам у глава за викендицата, еден ден порано да му се јавам на братучедот да ја запали кога ке дојдам да биде топло, па да продужам со парното... значи прати ми и мене во ПП податоци за произведувачот на тие печки...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
е ако де се солени пиши кој ги прае кај си видел да се исконтактира со луѓето па да се запознаа и останатите на форумов ако греењето е ефтино.
абе шо колку се солени мене ме кошташе околу 450 еуричи мање више одамна беше не се сеќавам ама затоа во најголемиот студ поминувам со 400 до 500 денари плин за цел месец
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
абе шо колку се солени мене ме кошташе околу 450 еуричи мање више одамна беше не се сеќавам ама затоа во најголемиот студ поминувам со 400 до 500 денари плин за цел месец
Ај пиши ми на ПП од каде ја најде и кој ги прави?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
За таванско греење никој ништо не спомна!? Вреди ли нешто тоа? Не ми е логично многу. Подното да, ама таванското!? Знаеме физика, ама сепак некои го употребуваат. Има ли такви?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
кој ти е штосот незнам?? термоакумулационата на струја игра на финтата ...скапа-ефтина струја, кој е штосот со плинот кој е со иста цена секогаш??? или загреваш цигли, па зрачиш топлина на друга бранова должина ??? :)

--- надополнето ---

За таванско греење никој ништо не спомна!? Вреди ли нешто тоа? Не ми е логично многу. Подното да, ама таванското!? Знаеме физика, ама сепак некои го употребуваат. Има ли такви?
има......пара и будала пун свет...

:)

таванското греење бара висина, грее во инфрацрвен спектар..т.е. не го грее воздухот туку предметите..па со радијација потоа и воздухот.... во ниските стамбени простори прво го зоврива мозокот... :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Гледам стана збор за геотермални пумпи, ај малце појаснување.

Значи вака, топлотните пумпи или чилери (ако ладат) се во суштина исто што и климите.

Се делат на
- Воздушно ладени топлотни пумпи
- Водено ладени топлотни пумпи или популарно наречени геотермални

Воздушно ладените топлотни пумпи/чилери се нешто што е докажано и функционираат одлично.

Добри страни:
- висока енергетска ефикасност, обично 1:3 е односот на вложена/дадена енергија
- чисти се во поглед на користење оти работат на струја ( нема дрва, ќумур, нафта да се занимаваш и валкаш со тоа цело време)

Лоши страни:
- работат до -15, а некои до -20 C степени, колку повеќе паѓа температурата толку им опаѓа ефикасноста, оптимална надворешна температура им е -5

Водено ладените топлотни пумпи (геотермалните) имаат уште поглема ефикасност од воздушно ладените, затоа што работат на уште пониски температур

Добри страни:
- висока ефикасност, нешто поскапи од воздушно ладенитe, но работат одлично на многу ниски температури, затоа што температурата на земјата веќе на неколку метра е 10 C

Лоши страни:
- премногу зависат од бунарот, неговата количина на вода и квалитет на водата, и од искуство на изведени исталации, треба интервенција за да работат, менување на филтри, па и пумпи

И најдобриот ситем на топлотни пумпи, а воедно и најскап е водено ладени со затворен систем.
Цел систем од цевки се поставува во земја и во зависност од потребната снага се користи и соодветна должина на цевки.

Добри страни:
- системи со најголема ефикасност и функционираат одлично, на било какви температури, и кога ладат и кога топлат

Лоши страни:
- цена

За овие истаталации потребно е добро инженерско искуство, дури и во Фонко немаат баш, иако ги произведуваат.

За да имате претстава, систем со водено ладена топлотна пумпа со бунарска вода и плус 3 колектори, греаат во зима 250 m2 куќа за 6000 денари месечна сметка, а лади во лето за нешто помалку.
Цена на таков систем е отприлика 20.000 еур.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom