Зелен чај - за што се е добар?

S

smart ass

Гостин
Значи како што спомнав во претходниот пост комбинацијата на Зелен Чај и Жен Шен е многу полезна , која има доста придобивки од здраствен аспект според традиционалната источна медицина.

Што е Жен Шен?

Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната источна медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.

Кои се неговите лековити својства?

- Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста

- Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови

- Оваа комбинација на напиток е ефикасна за нормализирање на крвниот притисок - Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес

- Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи. - Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови

- Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите

- Составните компоненти на овој напиток ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции -

Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето.

- Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки - Го регулира менструалниот циклус - Спречува прогресивно уништување на забите

- Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород, поради што е добар за спортисти - Добар е во борбата против ракот



Фактички мешавината од Зелен чај и Жен Шен конзумиранa редовно влијае стимулативно на целиот метаболизам
Закон...имам јадено од коренот,најс тејст....жен-шен е повеќе адаптоген...му помага на организмот да се адаптира.

Инаку добар е и Гинко Билоба Чајот(у комбинација со зелен чај.)

а за детоксификација....матичен млеч....Силимарин:toe:
- Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам
Не го подмладува...туку го забавува стареењето....а за сексо-Гуарана таблети се закон:vozbud:
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Знам дека го има и во вид на таблети, па би прашала дали некој ги користел и какво искуство има?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јас се „навлеков“ на LIPTON-зелен чај со оријентални зачини... Многу убава арома...
 
R

Reve0ke

Гостин
Го пијам без шеќер и ретко луѓе да начекам да пијаат чај без шечер. :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Зелен чај пијам можеби веќе две години редовно секој ден по една или две шољи:).На почетокот ми беше многу горчлив, но со тек на време се навикнав и се` уште го пијам без шеќер:).
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Jас почнав да го пиjам пред 1 месец, без шеќер, и прво ми беше гаден ама се навикнав. Подобро ми е одкога го пиjам чаjот :)
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
134
Поени од реакции
1
Сум слушнал дека од зелен чај се ослабнувало..Инаку сеуште неам пробано,зошто? Незнам :vozbud:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Ladies & gents, reality check. Зелениот чај, како и ништо друго на светов нема магично да ве ослаби. Зборува човек кој 3 години не може да замисли утро без шоља зелен чај со мед. Тие приказни делува/не делува најчесто ги измислуваат особи кои две недели пиеле по литро дневно, си го затруле организмот, па после или не ослабеле ни 2 грама или аутосугестивно ослабеле 1-2 кила.

Зелениот чај е многу повеќе од средство за слабеење. Зелениот чај делува магично после жустра пијанка. Зелениот чај е одличен како замена за кафе. Со мед и лимон скоро и не се осеќа горчливиот вкус. Добар е и против депресија, односно инстантно го подобрува расположението. Делува антистресно.

Не ми замерувајте на поетичноста, ама зелениот чај е мојата волшебна напивка. Me & зелен чај sitting on a tree d r i n k i n g.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Додека не се запотиш од вежбање и не смениш начин на исхрана нема слабеење.

Баш се смеев пред некое време се најадов сендвич и викам еве сеа една шоља зелен чај и се ке стопи :pos: Аха "сигурно" :)

Зелениот чај е добар за целиот организам, со редовно пиење се чисти организмот од отрови, делува на дигестивниот систем, ама не слабее. Може само да си одржуваш тежина ако нормално се исхрануваш.

А секогаш пијам чај со мед, ама никогаш зелениов со мед не сум го пробала. Мислев нема да ми иде. Ај утре, за денес си ја испив дозата :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ladies & gents, reality check. Зелениот чај, како и ништо друго на светов нема магично да ве ослаби. Зборува човек кој 3 години не може да замисли утро без шоља зелен чај со мед. Тие приказни делува/не делува најчесто ги измислуваат особи кои две недели пиеле по литро дневно, си го затруле организмот, па после или не ослабеле ни 2 грама или аутосугестивно ослабеле 1-2 кила.

Зелениот чај е многу повеќе од средство за слабеење. Зелениот чај делува магично после жустра пијанка. Зелениот чај е одличен како замена за кафе. Со мед и лимон скоро и не се осеќа горчливиот вкус. Добар е и против депресија, односно инстантно го подобрува расположението. Делува антистресно.

Не ми замерувајте на поетичноста, ама зелениот чај е мојата волшебна напивка. Me & зелен чај sitting on a tree d r i n k i n g.
А каков зелен чај пиеш? Филтер или рефус? И дали зелениот чај во филтер кесичка го има истото дејство како и рефусот?
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
А каков зелен чај пиеш? Филтер или рефус? И дали зелениот чај во филтер кесичка го има истото дејство како и рефусот?
Е врска си немам, јас го пијам филтер зашто ми е попрактичен, а иначе од скоро пијам со лимон, поубав е на вкус, а што се однесува до дејството немам регистрирано никаква разлика во однос на тој без лимон.

На крај, чајот во филтер е уствари рефус чај во кесичка. Разлика би можело да прави само тоа што во филтерот се губи на вкус или јачина, ама појачај ја количината со +/- една кесичка, и исто ќе му дојде.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
55
Поени од реакции
19
Зелен чај редовно пијам веќе 2 години, 2 пати на ден. Го пијам со мед и лимон пола сат после јадење и се чуствувам многу поздраво и посреќно. :)
 

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
И јас пијам филтер зелен чај чат-пат, знам дека за многу работи е добар, па затоа и го купив. Добра идеја, ќе си сварам сеа :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Зелен чај е добар ако се пие во ептен големи количини за добивање на панични напади, тоа е како искуство на блиска смрт, многу страшно но ако имате при рака таблети за смирување брзо се смирува човек и го тера на спиење, добар експеримент да видите како ви се живее и тоа како како телото самото бара начин да остане во живот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Mene me interesira dali na primer e ok ako si napravam pogolema kolicina da receme litro dve i da ja ispijam za dva dena. ts muabetot e da si go imam gotov i kako laden caj da si go pijam dali e dejstvoto isto
 

Kajgana Shop

На врв Bottom