Работење за празници

Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Господа ова што се случува во последниве неколку години е невидена експлоатација на работникот и негово третирање како животно кое мора само да јаде и да работи. А сето останато е од животот му припаѓа само на неговиот газда кој ако има милост ке ти даде малку одмор а ако е алчен како многумина тогаш опрости се и од неделите и од празниците кои многумина ги чекаат. Оваа тема ја отворам зошто и самиот незнам каде да се пожалам. За работникот се сите врати затворени и самиот тој е немоќен да си ја истера правдината без некој да му помогне. Помислив дека овој форум е можеби добро место човек да си ја каже маката а и вистината за тоа што се случува во државава. Многу празници се празнуваат во годината ама за кого е празник?! Обичниот смртник т.е. работникот тешко дека ке може да се одмори и да си ја прошета фамилијата како човек. Тој не знае за недела (саботата одамна умре), не знае за празник, тој не знае што значи да се разбуди без да зазвони часовникот обично наместен многу рано наутро. Тој мора да бара “еден“ слободен ден за погреб и за свадба, тој може да добие неколку дена за породилно одсуство или пак неколку часа за да заврши некоја административна работа.
Затоа ги молам членовите на форумов да го дадат своето мислење во врска со оваа работа и да дадат свој допринос во истерување на правдата т.е. и работникот да има слобода и одмор.

Ке бидам задоволен ако барем со пишување на името на фирмата и дадете на знаење на јавноста кои се фирми го прекршуваат законот и работат за големиот верски празник ВЕЛИГДЕН.
Јас ке бидам прв и ке кажам дека за Велигден работи Битолска Млекара т.е. нивните дистрибутери (немаат ниеден слободен ден).
Однапред ви благодарам!

stefan_tm напиша:

Гледам дека членовите се повеќе заинтересирани за пишување на нивните имиња наопаку!!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.662
Поени од реакции
12.054
Оваа тема ја отворам зошто и самиот незнам каде да се пожалам. За работникот се сите врати затворени и самиот тој е немоќен да си ја истера правдината без некој да му помогне.
Трудова инспекција нели може овде да помогне, мислам да пријавиш таму ако до таму е дојдена работата.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
И што понатаму? Газдата ке најде начин да те избрка од работа. Господине јас зборувам дека тоа стана вообичаена практика кај нас. Никој ама баш никој не те штити од таквиот вид на експлоатација. Кога ке посакаш да се побуниш никој не смее да те подржи затоа што се плаши за своето парче леб.
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Јас колку што знам врви инспекција за празници кои се прогласени за неработни.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Јас колку што знам врви инспекција за празници кои се прогласени за неработни.
Абе врви ама јас би рекол дека не е така. Како да се заштити работникот да не се случува тоа?!
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Приватна фирма?
Ако е така јебига, празник, делник, ден на дрво, ден на било што можеш да заборавиш. Едноставно е премногу, или ќе работиш и ќе зимаш пари или ќе седиш дома и ќе пекаш за леб и за тоа колку ти е државата крива.
Што се однесува до мене јас пре да би работел и празник и делник и да иам пари одколку да седам дома и да неам пари :)

Како да се заштити работникот да не се случува тоа?!
И ова е лесно, отвори си сам фирма и крај. Фирма ти е двор ти е
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Приватна фирма?
Ако е така јебига, празник, делник, ден на дрво, ден на било што можеш да заборавиш. Едноставно е премногу, или ќе работиш и ќе зимаш пари или ќе седиш дома и ќе пекаш за леб и за тоа колку ти е државата крива.
Што се однесува до мене јас пре да би работел и празник и делник и да иам пари одколку да седам дома и да неам пари :)
Вие или не ме разбирате или не сакате да ме разберете. Јас зборувам за обичен смртник кој нема начин како да се заштити од експлоатацијата која се врши над него. Да се работи на Велигден ако е прогласен за државен празник мислам дека е премногу!?
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Вие или не ме разбирате или не сакате да ме разберете. Јас зборувам за обичен смртник кој нема начин како да се заштити од експлоатацијата која се врши над него. Да се работи на Велигден ако е прогласен за државен празник мислам дека е премногу!?
Премногу е ама шо да праиш бе братучед? Еве и јас ќе работам за Велигден па не се бунам затоа што знам дека од 1ви до 15 најкасно ќе капнат хх ххх денари :)

И да ќе заборавев, што ако е Велигден све треба да прекине да работи? И? Ајде Велигден е сите по дома ќе седиме нека пропаѓаат фабриките (кои и онака со полно работно време пропаѓаат)
Дај да не тресиме глупости, Велигден, Бајрам, Ден на дрво, Ден на цвеќето, ден на жената, ден на пролет, свети Никола, света Петка, ден на Тито, ден на Грујо. Докажано е дека Македонија има најмногу "неработни празници"

Шо да кажат кинезите кои во 12 саати работно време имаат се на се 12 минути пауза?
 
P

Princ

Гостин
И ова е лесно, отвори си сам фирма и крај. Фирма ти е двор ти е
Фирма ми е, двор ми е - оваквово чаршија, ама да ти кажам најискрено освен 7 до 10 дена годишно летен одмор што си давам себеси, скоро сите други денови ги работам. Освен 2 дена Бајрам (поединечно по 1, да нема недоразбирања - 1 ден Рамазан Бајрам и 1 ден Курбан Бајрам). 1 Јануари работам, 1-2 Мај работам... Имаме преку 25 неработни дена годишно. Па тоа ти е фул месец бе. И сакаме 13та плата, кога ни 12 реално не заслужуваме.
Е сега, сасвим друга би била причава да работев у јавно предузече...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ме интересира колку за споредба со другите земји, колку неработни празници имаме во текот на годината?

И јас сепак сум за подобро менаџирање на годишните одмори, повеќе денови за одмор бидејќи тоа влијае и на самиот работник и придонесот кој ќе го даде на работа.

Малите одмори, големиот стрес на работа и режимот од ден на ден прават работникот да губи мотивација за работа, да опаѓа квалитетот на неговата работа, концентрацијата и со тоа се зголемува неговото задоволство.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
со новио закон за работни односи (за неработен ден) работодавецот може да те викне на работа и да ти плати 150%.за празник не знам дали важи тоа.знам дека ако има работа може да ти го скрати правото на годишен одмор и едноставно ќе ти го плати.и не мора да користиш годишен одмор оваа година.

Ме интересира колку за споредба со другите земји, колку неработни празници имаме во текот на годината?

http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/zakon_praznici.pdf
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
со новио закон за работни односи (за неработен ден) работодавецот може да те викне на работа и да ти плати 150%.за празник не знам дали важи тоа.знам дека ако има работа може да ти го скрати правото на годишен одмор и едноставно ќе ти го плати.и не мора да користиш годишен одмор оваа година.

Вака е по Законот за работните односи:

Член 117

(1) Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа):
1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;
2) ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата;
4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на прометот и
5) во други случаи определени со закон или колективен договор.
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу десет часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени, согласно со акт на Владата на Република Македонија.
(3) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.662
Поени од реакции
12.054
(3) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
Ова малку потешко оди кај приватните фирми. Од оние што збореле за својата работа во приватна, немам слушнато дека му е вака регулирано. Секако дека има и позитивни случаи, но повеќето не се придржуваат кон ова. Најверојатно и кај stefan_tm не се придржуваат, но дури и тогаш на работник му е потребно некој слободен ден, согласно сите тие горенаведени прописи. И робот да е ќе трокира.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И после ќе се прашуваме зошто сите сакаат под државни јасли!:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom