Пеколот од Данте Алигиери

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Се извинувам вака што отворам нова тема, но ми треба помош премногу.

Ми треба содржината на книгата "Пеколот" од Данте Алигиери.

Ако знае, и сака, и јас има прочитано некој да каже по збор два.


Однапред премногу благорадна.

:smir:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Вака:

Пеколот е дел од Божествената комедија на Данте Алигиери, во која уште се содржат Рајот и Чистилиштето.
Пеколот се состои од 100 песни, од кои една е воведна. Има 100 песни затоа што во времето на хуманизмот и ренесансата, бројот 100 бил број што го претставувал совршенството. Пеколот почнува со воведната песна, во која (заборавив како се викаше типот) се наоѓа во густата и непроодна шума, со која преку метафора Данте ни ги претставува тогашните политички и општествени нереди во Италија. (типот) се среќава со Вергилиј, неговиот учител, со кого ќе го поминат заедно пеколот, т.е. ќе поминат низ 9-те круга низ пеколот. (во учебникот по македонски си ги имаш, се сеќавам кој злосторник во кој круг се наоѓал, не се сеќавам на сите, само знам дека некрстените деца се наоѓале во предворјето а Луцифер се наоѓал во 9-от круг).
На вратата од пеколот, на влезот, стоел натпис - "Засекогаш откажи се од надежта".
На олку се сеќавам, ја работев пред година дена, утре може да ми текне уште нешто, па ако ми текне ќе го пишам на темава, а ако те интересира нешто поконкретно, прашај, би требало да ми текне :).


Демн - ме претркаа :).
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
А зошто те мрзи да ја прочиташ? И сама да си ја најдеш содржината на книгата? Нели мислиш дека со читање на целата книга ќе добиеш еден огромен плус за тебе како личност?

Океј е да те фати мрза за орање/копање/пишување по форуми....ама за читање бе

ц ц ц ц ципирипи генерацииве значи :pos::pos:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Со оглед на тоа дека е добра тема, Пеколот е класика на светската литература, темата нека остане отворена и своја, за сите кои имаат што да кажат.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Дефинитивно една од најубавите лектири ми е Пеколот од Данте Алигиери.
Најмногу од се ме воодушевуваат алегориите кои ги користи авторот преку животните кои се појавуваат на почетокот во воведната песна. Пантерот е всушност родната Фиренца на Данте во тоа време. Пантерот е синоним за завидливоста. Преку лавот е прикажана горделивата Франција, а Папската држава т.е Ватикан е прикажан преку волчицата која е алчна за пари. Овие три животни на почетокот на пеколот го плашат Данте, тие го негираат како писател и уметник приврзаник за(ми се чини) гибелините. Данте во тоа време бил избркан од родната Фиренца и престојувал во Верона во домот на некоја богата фамилија. Тој и владетелот на Верона (кој ги примил кога од сите бил отфрлен) го прикажува преку кане (на латински куче).
Познатиот римски поет Вергилиј е Дантеовиот идел и идол. Тој е метафора на разумот и умот. Заедно со Вергилиј Данте ја бара саканата, но прерано умрена Беатриче која се наоѓа веднаш до Господ во рајот. Беатриче е всушност невиноста и безгрешноста.
Важен е и бројот 333. Тој е број кој го покажува светото тројство Отецот, Синот и Светиот Дух.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Важен е и бројот 333. Тој е број кој го покажува светото тројство Отецот, Синот и Светиот Дух.
Бројчињата си имаат врска со структурата на делото. 33 песни во Пеколот, т.е. 9 круга; 3х3=9. Чистилиште - 9 појаси, пак 3х3=9. И Рајот, исто 33 песни, 9 сфери или неба, и плус воведната песна, тоа се вкупно 100 пеења, колку што и содржи книгата. А секоја строфа е составена од 3 стиха. Терцини.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
леле темава како нарачана ми е:)
за во понеделник ми треба а летово прочитав неколку страни и не планирам пак да ја читам...не ја разбрав и не ми се допаѓа:toe:
 

candybabe

~ПЛАВУШКА~
Член од
16 јули 2008
Мислења
588
Поени од реакции
9
леле темава како нарачана ми е:)
за во понеделник ми треба а летово прочитав неколку страни и не планирам пак да ја читам...не ја разбрав и не ми се допаѓа:toe:
ее да ја прочиташ , зш ем ке ти трба ем ке видиш дека ништо не е по некоја случајност напишано туку си има своја цел во книгава... мое мислење ..па сеа твое си е :toe::pipi:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
леле темава како нарачана ми е:)
за во понеделник ми треба а летово прочитав неколку страни и не планирам пак да ја читам...не ја разбрав и не ми се допаѓа:toe:
Oбрни внимание на тоа што го читаш, читај пополека и ќе ја сфатиш :)
 

Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Значи ова ми е едно од омилените дела некогаш напишани. Што се зборува во книгата- Данте се шета во една шума и ке биде демнет од зверови. Подоцна ке влезе во портите на пеколот, придружуван од неговиот идол Вергилиј. Дејството на книгата е патувањето на Данте низ Пеколот и страданијата кои ке ги види само за да дојде во рајот и за да биде заедно со неговата сакана(заборавив име:uvo:). Пеколот е поделен во 9 круга, а во секој круг Данте ке гледа различни грешници соочени со различни вечни казни, кои патат. Да почнам со секој круг посебно. Во првиот круг се сместени сите стари познати поети(и вергилиј исто) кои што не биле христијани. Пред вториот круг стоел Минос кој одредувал кој грешник во кој круг од пеколот ке оди. Додека пак во вториот круг се сместени тие што биле прељубници и кои подведувале. Таму мислам дека беше и Клеопатра и Елена од Троја. Казната била нивните души да се витлаат во подземната бура. Третиот круг бил за лапачите кои страдале од вечен снег, дожд или град. Во четвртиот круг биле скржавците и расипниците каде што вечно се пцуеле и се подбивале едни на други. Во 5 круг се мрзливците кои страдаат во вечно мочуриште од кал. Во 6 круг се херетиците кои се мачат во град полн со оган и чад. Во 7 круг се насилниците(на блиските, на самите себеси) ама не ми текнува за казната сега. Во 8 круг се врачови, пророци, измамници, лицемери и нечесни луге. Тие страдале најмногу. Биле во ``долгови`` од змии, тепани од гаволи, тонат во течност и др. Во 9 круг се предавниците најлоши од сите. Тие живеат во вечен мраз поради нивното студено срце. Во овој круг се наога и Луцифер. После сите 9 круга Данте ке стигне во Чистилиштето. Ова дело има многу различни ставови. Од една страна е само авантуристичко дело а од друга е многу комплексно опишување на ставовите на Данте во врска со управувањето на државата. Тој по свое мислење ги ставал грешниците во различни кругови. Има и многу кардинали и папи кои се во пеколот. Значи цела книга е еден вид на погледот на Данте врз Маните на општеството. Освен тоа за книгава може вечно да се филозофира ама се изморив веке од пишување. Се надевам ви помогнав:helou:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
јас правам писмена на темава. Како би почнале? мене ми треба воведен дел..
Врати се страна назад, прочитај и ќе видиш како би почнале. До толку да не се знаело како да се размислува? На матурата кој ќе ви каже како да почнете?
Ќе почнеш со вовед за ренесансата во Италија или ќе кажеш нешто за Данте, одбери било што. Потоа во главниот дел ќе почнеш од општите карактеристики за Пеколот како дело и ќе ја разработиш неговата тематика, за на крај да завршиш со пораката која Данте метафорично ја крие низ целата содржина.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
Во Првата песна и во стиховите од првата строфа Данте дал податоци за својот живот. Во таа доба тој го загубил патот и се нашол во темна и густа шума. Шумата и густжот се со алегорично значење кои ја отсликуваат лошата општествено - политичка и морална положба во која се наоѓала неговата родна Фиренца во тој период, а исто така ги симболизира земските човекови заблуди и грешки, кои не му дозволиле да го најде вистинскиот пат до совршеноста , до кој можело да се дојде само со вршење на добри дела. Затоа патот до ридот - симбол на сиромаштвото, душевниот мир и блаженство бил тежок, стрмлив и непрооден, на кој му се испречуваат три шумски животни : Пантер, Лав и Волчица. Данте преку пантерот ја симболизирал лакомоста и зависта, гревот на младоста. Преку лавот тој ја отсликува човековата горделивост и желба за власт, грев на позрелата возраст, а волчицата ја дал како симбол на лакомоста и незаситеноста за пари. Во поолитичка смисла , Данте преку овие три животни ги симболизирал тешкотиите и пречките што ги имало во тој период во неговата родна Фиренца и Италија, односно причините кои и пречеле на Италија во нејзиниот напредок.
При еден таков непрооден пат со опасни пречки, залутаниот поет бил спасен од Вергилиј - голем поет од Римската Империја, негов учител - симбол на мудроста , разумот и човековото знаење. Тој бил испратен од Беатриче, да го проведе низ пеколот , за да се запознае со последиците и страдањата на човековите души , што доаѓале од лоши пороци и слабости. Тие човечки души иако страдале, сепак имале надеж за ослободување. Меѓутоа, Вергилиј, според Данте не можел да да го доведе до спознавање на највисоките тајни на животот , односно било потребно " чиста рака " да го води низ Рајот. Во овој случај, тоа била раката на Беатриче - симбол на верата и благословската наука. Во Првата песна се разоткрива алегоричната смисла на целата поетска творба , која не е само слика на задгробниот живот туку и историја на човековото преродување и патот на неговото морално усовршување.
Што значи дека само преку патот на грешките и страдањето поради нив, преку осознавањето и нивно ослободување, единствено може да се дојде до совршено знаење, морално совршенство и среќа.
 

Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
За сите мрзливци што се 1 или 2 и не сакаат да читаат, најдете си ја книгата Прилози за наставата по литература издание на Матица. Објаснето ви е за секоја книга детално таму. Сепак многу ке пропуштите ако не ги читате
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Имам една замерка, мислам дека е несоодветна книга за 1 година средно! Се сеќавам дека ни беше многу тешка книга за читање и за разбирање.

Се сеќавам дека правевме писмена за тоа и ја завршив со некоја опасна мисла за надежта, од некој антички филозоф мислам (ете ви совет од мене за тие што баравте заклучок). :pos: Беатриче му беше синоним за надеж на Данте, така ли беше? :)
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Имав недела дена кошмари од книгата :)
Али тоа од како ја сватив.Иначе книгата се чита мноооооогу пополека,со тетратче до тебе.
Како и да е,мене ми се падна на испит и извадив некоја добра 8 мислам дека.
Многу работи кажува книгата,освен тоа дека опиатите биле главен дел од секојдневието на поетот.
За книгата нема да пишувам ништо,пошто ке ми требаат едно 2 страни (табаци) :)
Како и да е,вреди да се ПРОЧИТА,а не да се читне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom