„Злосторство и казна" - Ф.М. Достоевски

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Еве други цитати кои ми се допаѓаат од ова дело:
-За да запознаеш некој човек, спрема него мораш да бидеш внимателен и претпазлив за да не паднеш во грешка и во предрасуда, зашто после со тешки маки ќе можеш да ја исправиш.
-Тогаш сфатив зошто луѓето никогаш нема да се изменат и никој не може да ги преобрази, па дека не вреди ни труд да се троши за тоа.
-Постојано се прашував себе си зошто сум толку глупав, па ако се и другите глупави,а јас со сигурност знам дека се глупави, зошто не сакам јас да бидам поумен! Тогаш сфатив дека нема да дочекам ако чекам сите да станат умни.
- Но како ќе живееш без човекот? (Соња Сејмонова му се обраќа на Родион Раскољников)
-Се е во човечките раце, и се само поради кукавичноста му бега пред носот.
-Дали има Бог? Ако има тогаш кои се границите на човечката слобода? А ако не постои тогаш на човекот се му е дозволено.
- Оди на раскрстница, поклони му се на народот, бакни ја земјата, зашто и пред неа си згрешил и на целиот свет речи му гласно: јас сум убиец (Соња Сејмонова, еден од поубавите цитати според мене)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Многу поучна книга!
Е да, поучна е, само треба да се стегнеш да ја прочиташ. Првиот пат кога почнав се изнервирав заради тупењето и ја оставив, а наредниот пат решив да ја прочитам до крај и ја прочитав.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
се изнервирав заради тупењето и ја оставив
Заради тупењето??? Книгата ја прочитав за рекордни 18 саати кога бев средношколец...па за време распуст симав време да прочитам и плус нешто што не беше задолжително од школо...тоа лето и „Алекдандар Македонски“ од Артур Вајгал ја прочитав...

Ниедна книга не го тупи...самиот наслов ако те привлече, читај ја. Ако не, подобро батали за да не се `склетосуваш.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Заради тупењето??? Книгата ја прочитав за рекордни 18 саати кога бев средношколец...па за време распуст симав време да прочитам и плус нешто што не беше задолжително од школо...тоа лето и „Алекдандар Македонски“ од Артур Вајгал ја прочитав...

Ниедна книга не го тупи...самиот наслов ако те привлече, читај ја. Ако не, подобро батали за да не се `склетосуваш.
Не не не...Дури и да не те привлече насловот читај ја книгата. Обично интересното следува после петтата прочитана страница :)))

А конкретно за книгава едноставно-СОВРШЕНА е...
Големо влијание има врз свеста на човекот, мајсторски раскажано што просто не можеш а да не се соживееш со било кој лик... :)))
Кој не ја прочитал да си ја прочита, нема да зажали...
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Леле колку ми е само криво што не ја прочитав,од пуста одбивност кон школски книги:tapp:
Се спремам сеа за зимски да ја прочитам,ако не ми даде Жаки срцка некое друго вакво дебелко златце :back:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Не не не...Дури и да не те привлече насловот читај ја книгата. Обично интересното следува после петтата прочитана страница :)))

А конкретно за книгава едноставно-СОВРШЕНА е...
Големо влијание има врз свеста на човекот, мајсторски раскажано што просто не можеш а да не се соживееш со било кој лик... :)))
Кој не ја прочитал да си ја прочита, нема да зажали...
Посебно со болдираново се согласувам. Во секој лик ќе најдеш нешто што ќе те воодушеви и што ќе те потсети (барем по малку) на себе.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
Ја читам, ја читам веќе цел месец и сеуште дремам на 3 глава :kesa:
А ми се свиѓа многу и сакам да ја прочитам, ама нема кој да седи на нет :pipi:
 
С

Сатори

Гостин
Навистина е мајсторско дело.
Мене сепак, најмногу ме заробуваат психолошките описи и симболиката која што се испреплетува низ книгата.Можеби хиперболизираната реалност дава исто така дополнителен шарм, посебно на ситуацијата во која што се наоѓа Соња, која што сепак успева да остане вистинска жена, покрај се.

Но, „Злосторство и казна“, според мене, не е ни дел посебна и прекрасна колку што е „Идиот“ на Достоевски.
Ја нема онаа приказна која што ти го запира здивот.
 

magii

*
Член од
6 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
10
Ја прочитав и јас. Изоставувајќи го преопширниот опис книгата е феноменална!
Пишувавме состав на тема "Раскољников - ангел или убиец?"
Во секој случај, вреди да се прочита, дури на 80 стр. започнува интересното, само трпение до осумдесеттата :)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Содржината и поентата на книгата ми падна на писмена пред 2 години, а јас иако никогаш со очи ја неам видено книгата, напишав и ми даде 4+, и ме тераше да читам пред цел клас тоа даскалицата, а писмената ми беше за 5. Шала на страна, Раскољников одбрал грешен идол, Наполеон, кој го сметал за голем човек кој ја поразил цела Европа, но очигледно не знаел кутриот дека Франција беше поразена и изгуби голем дел од териториите кои ги освои како и некои свои територии.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Одлична книга, една од моите омилени, иако е тупење цела книга, па читателот лесно може д аја остави и да се изнервира
Јас не го сторив тоа, доста поуки
Дали општетсвото е виновникот зашто човекот станува злосторник? - главната поента на книгата
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Super e knigata, ja citav u 2ra godina zredno, na pocetokot mi bese malku dosadna, ali otkako Raskolnikov gi ubi staricite mi stana interesna i ja procitav. Navistina mnogu strani e ama vrede da se procita.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Majсторски опишана внатрешната борба на главниот лик, се` поинтересна со стегањето на обрачот околу Раскољников. Одлично се прикажани етичките и морални прашања што си ги поставува главниов лик, преиспитувањата и оттуѓувањето.
Романов не знаеш побрзо на кој жанр му припаѓа. Веројатно се` во едно, што го прави посебно интересен.
Точно, малку е депресивен и за некого можеби не е интересно да чита за психолошките лавиринти произлезени од едно убиство, но токму грижата на совеста и видливите знаци од нејзината пројава за мене беа најинтересни.
Ми се допаѓаат делата на Достоевски, знае да ги истражува длабочините на личноста со силно психолошко понирање, да ги изнесе немилосрдно најскриените катчиња на човечката душа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom